Иначе јас се ближам накај шејската. Израснат во едно време кога цртаниот филм беше во 19:15, хумористичната/сатирична серија во недела во 20:00, ЕПРОСКОП во недела на ручек, кога во диско се одеше во петок и сабота навечер (24:00 беше фајронт и у диското) и филмови се гледаа на киното.
Добро после неколку години, од каа пораснаме, некои работи почнаа да се менуваат ама задоени во духот на социјализмот и со “вградена“ ДНК на лојалност, некои нови работи никако да ги примиме… Јас, можеби сум единствениот шо се нервира кога ќе виде фотографија која не е во формат 3:2 или 1:1 (исклучок се панорамите…) Видео форматите секогаш се (за мене) “хоризонтални“.
Пред ногу години, кога почнаа фотографиите да се дигитализираат, дојдов во контакт со photoshop, тогаш во верзија 4.0 поточно некоја си осакатена верзија LS.
Од тогаш па до ден денешен photoshop-от го користам за корекција на бојата (балансот на белата боја) и светлината на фотографиите и понекогаш “сечење“.
Моментално сме на верзија 25.7.0 и покрај огромниот напредок на фотошопот, јас уште само тие три – четири функции од него ги користам. Последните денови чичковците од »Adobe« наголемо се трудат да ме убедат да им “помогнам“ во развојот на нај новата верзија, ваа пата со уште повеќе “вештачка интелигенција“. И прибидејќи затоа што на секое уклучување на програмата досадија со тоа инсталирај, инсталирај, стиснав и се инсталира БЕТА верзијата на интелигентниот фотошоп.
Да, моќна е новата фотошоп играчка, чичковците од Адобе трчаат по другите и направиле играчка која со неколку зборови и информации ќе ви креира фотографија или слика. Како да не е доволно манипулација на реалните фотографии, па сега на човештвото им е потребно и “фотографирање“ на фантазиите. АМА не е тоа за мене.
Јас ќе си штракам во формат 3:2 и ќе ги сликам клупите класично …
една е од мене три се од photoshop