кец на десетка

Крајот на осумдесеттите години на минатиот век. Се прават подготовки за одмор со моторката. За куфери може само да сонуваме и да гледаме по списанијата. Багажник нема, та не сме у Немачка! Ама за багажник не е проблем ци напраиме сами. Некоја цевка, малку арматура и апарат за швајцување и беше напрвен багажник / носач за торбата. Беше од вистинско железо, така тежок ѓоа цевки за наводнување на лојзто ќе носиш. Да имаше “експери“ кои ни укажаа на тоа дека е ногу “тежок“ носачот. “Оригинален“ за на моторцикал тежел две/три кила а нашата направија можеби тежеше дупло, пет/шест кила. АМА ни таа разлика ја компензираме со телесната тежина на управувачот на моторизираниот двоточкаш, т.е. со нашите 50/60 кила жива мера. Во секој случај држеше, до Дојран и до Охрид одеме со цела камперско одморска опрема.

Поради лично/фамилијарни околности, одмор со мотор еве пак ваа година, едно 40 години по касно. Ама барем моторциклот СКРОЗ спремен за патувања. Со сите куфери и торби. АМА тоа не значи дека нешто не фале или нешто не сме си спакувале 🙂 Патувањето како тинејџер и патување кратко пред пензија се разликува ѓоа баби и жаби. На моторот нема товарено шатор и вреќи за спање, квалитетен велнес хотел по убава работа брка. Јасно ми беше дека нема да се има снага по цели денови да се возе, па затоа се спакува и лаптоп и некоја камера. САМО моја шо не ги преверив пред тргнување на компатибилност. НИШО, ќе остане обработката од каа це прибереме дома.

Да, со “новата“ опрема се стремиме кон “облаците“, а јас уште упорно изигравам приземјен човек. “Клоуд“ ваков, “клоуд“ наков, та не мобиЉка, та не камера, клаптопот секако. Сите сакат да бидат поврзани со клоудот да го намочам. Лаптоп, извикан и платен убаво сај еден штекер! ни читач на картички, CD/DVD ич не ни помислувај. Не дека се плашам од облаците, ај ќе се пријавам, АМА зошто за регистрација се потребни сите податоци мои, од име презиме, адреси, број на гаќи, и НАЈ важното бројката на кредитната карта???

Ништо, ќе се борам јас уште по старински и ќе наоѓам некоја средина  ни на земја ни на небо (у облаците).

Ете, помина и виа одмор. И ако краток, квалитетен шо да ти расправам. Имам осет како да цел месец не сум бил на работа. Стварно одмориште. Не само одморени ами и побогати за неколку сознаниа. На пример и ако скоро пет денови во друга држава и на ново место, бројчаникот на фотокамерата покажа “само“ 120 фотографии. Се повеќе се враќам во аналогната епоха, кога се фотографираше само на “сигурно“ без не потребно трошење филмови и далеку од дигиталната оргија.

И плус, воа со одмор со мотор, веома врло убаво ни легна. Баш вистинската шема си ја одбраме. Ама тоа у посебно изнесување на емоциите, наскоро, да по тлее уште малце…