Сѐ минува, сѐ се менува (или сѐ има крај, поготово ако е убаво), само воа “прашината од Сахара“ у последно време сај се повраќа.
Сабота, 29.06.2024, последната сабота во месец јуни, последната работна ден во месец јуни, за некои дури и последниот работен ден на една успешна работна и бизнис ера.
Шетаме по Брунен, едно од по познатите излетнички места во Швајцарската Конфедерација и ги гледаме распосланите маси и столови од разни угостителски објекти кои во последниве години како некоја троска ги запоседнуваат тротоарите, паркинзите и сите јавни површини што можат да се искористат за столче повеќе.
Restaurant Bahnhof, ресторант на железничката, го имаше секое село во Швајцаријата. Дури и во Артх, кај што нема железничка имаше ресторант Банхоф. И сите ние кои крајот на минатиот век пристигнаме во Швајцаријата слегнаме на некоја железничка. И секој од нас знаеше дека за изгубените “души“ помош се наоѓаше во ресторантот Банхоф, оти тоа беше институција. Обично убава голема просторија со многу дрвени маси и дрвени столчиња, огромен шанк, келнер кој служеше секого кој ќе седне на некое столче како да е нај поштованиот гостин и “земЉаци“ од просторот на некогашна Југославија. Е тиа, земљаците беа секогаш спремни да си помогниме.
У секое село имаше по неколку ресторанти, а по големите села и по некој хотел. Ресторантите па и тиа ви хотелите, во најголемиот дел беа скоро исти, дрвени маси, дрвени столчиња, од тиа “кафанските“ столици кои со години илјадници газеви, а и по некоја тепачка издржувале. Секоја маса беше покриена со покривка па дури и две, на секоја маса имаше пепелара, “гарнитура сол, бибер, чачкалици и аромат во течна или прашкаста форма.
Седиме под шаторот до куќата, каде обично ги паркираме возилата, пиеме пиво, мезиме некоја кобаска и слушаме музика од карневалската дружина од селото. Да натераш карневалскиот оркестар да свири сред лето, е исто како ниа шо хаски кучиња шетат на синџир по горештините во Македонија. Тортура. АМА за фамилија која со децении го креираше друштвениот живот во селото сите се спремни да прескокнат преку сопственото его.
Денеска беше последниот работен ден на месарата Штернен на господинот Вебер.
Кој сега ќе ми дигне рака ( со нож во неа ) сабајле кога заминувам на работа?
ТАКА
Таков беше виа ден.
Ден кога човек ќе се замисле и ќе мора да ги прифати промените. Промени кои не се на по лошо и промени кои се разбирливи, ама промени кои ти го менуваат убавото нешто у животот.
Ресторантите Бахнхоф, умираат еден по еден и на нивни места изникнуваат некои нови форми на животен стил, обично некоја мешавина на повеќе унакажани дејности. И така, ќе седиме во угостителски објекти со странЦки имиња, на столчиња од некои “дизајнери“, на маси без покривки и без пепелари, и наместо услуга од келнер сам ќе си зимаш јадење и пиење како во студентскиот дом “Гоце Делчев“
За месо за на скарата веќе нема одење на влечки у “пет до дванајсет“, а и месето ќо ќе го јадиме ќе молиме Бога барем од Европа да биде.
И така прифаќаш де еден ден СЕ ќе биде пепел, или прашина.
Па за тоа можеби има ногу прашина, од Сахара, во последно време…