Лето Господово 2024 то. Може да се каже едно од по моторциклистичките и ако доста врнежливо. На почетокот врнежливо и срамежливо ама за викендите како нарачано, суво. После од врнежливо и досадно премина во екстремно топло. Како до никогаш до сега сум се потел, кацигата три пати перена, палтињата по еднаш два пати, сите.
И така после долгогодишна моторциклистичка кариера одлучив конечно да купам летна опрема. Си го купив нај летното палто шо го имаа на лагер у мојата матична продавница за мото опрема и одма го извозиме неколку стотици километри. И уште еднаш повеќе се потврди мојата теорија заснована на долгогодишното користење на моторцикли, опреми и патишта. Не постои ништо шо може да ги задоволи моите потреби на процесот на возење. Барем тука, во Швајцарската Конфедерација, се соочуваме со дневни температурни разлики со повеќе од 15 – 20. На сабајле излеваш на 15 степени да поручек во некои долини добиеш топлотен удар од 35 степени.
На времето каа почнав да возам моторизирани двотркала (TOMOS Automatic 3M) основно правило ми беше да не го возам на влечки. Со растењето на кубикажата и зголемување на релациите почна да се прилагодува и мото опремата, кациги, чизми, палтиња, воа ноа … Ама оти по “правило“ моторите ги воземе у месеци без “Р“ не мораше ногу да се гледа на опремата.
И така до ден денешен, уште сум поборник за фармерки и маица на моторот. Да остане меѓу нас, чат пат и кацигата не ја ставам на места кај шо мислам дека нема да ме сретнат редарите на пистата.
Ама пуста Швајцарија, неколку пати имам пишувано како им се восхитувам на нивната фанатичност. Значи ако одиме на скијање се оди со сите салтанати. Ако играиш фудбал и у маалто, се оде со опрема за фудбал, кога возиш точак се облекуваш според тоа како се осеќаш, ако си за ридска патека одма белиот дрес со црвени точки. И уште повеќе им се восхитувам на моторциклистите по готово на колегите по марка ама со бројка *GS* каа це дурдисат мислиш на релито Париз-Дакар се, со нај агресивните кациги, одела со дупли штитници 😊 чизми како за трета свеЦка војна… и тоа на 30 + степени… грехчиња.
Ги гледам и тиа новопечените моторџии (препознатливи по бројката *L*) како на нивните нови потентни машини, облечени у нај модерните заштитни комбинезони со сите сатанати и наметнати “еир бегови“ сеирот си го барат.
Ги следам, а во последно време ме вознемирува, произведувачите на заштитна опрема кои упорно ни продаваат лажна сигурност. А уште повеќе ме вознемирува фактот дека во некои држави, во таа курва наречена Европа, почнаа да бараат и сертифицирани чорапи за да може да возиш моторцикал.
Толку за слободата.
АМА општо сообраќајот, барем тука во Швајцарската Конфедерација, почнува да биде под старателство на државата. Цехот за не способноста, малоумнственоста, забеганоста, на поединци ја плаќаме сите. Возам по патиштата на Швајцарската Конфедерација и се повеќе сретнувам зони за “смирување“ на сообраќајот, обично ограничени на 20 или 30 км/ч. Некогаш прекрасните сообраќајници преминуваат во мултифункционални површини исшпартани во разни бои, шо по големиот дел од нас не му го знае значењето ама со можност полицајците да те однатат како сакат.
п.с. пак ќе напоменам, јас се осеќам како моторциклист, моторџија е човек на кој целиот живот му е прилагоден спрема моторите. Јас моторите ги користам САМО како превозно средство.