ул. 29 Ноември бр. 20

ул. 29 Ноември бр. 20, на таа адреса во револуционерното Кавадарци го поминав детството и раната младост. Меѓу двете згради имаше две гаражи, едната наша другата на Мркеви, а од страната од кај улицата на Алексо (Вузевски) и од северната страна “шупа“ на Наќо. Зад нашата гража некогаш тато догради уште една шупа, па таму стоеше бициклото, санката, тубите за вода за чорба за лојзто и такви работини. Кога потпораснав малку во таа шупата дури струја инсталирав направив табла на која висеа два три клуча, чекан и штрафцигер и се наречи работилница, демек точаците да си ги поправаме. Едно време дури и “кино“ правеме во неа, со еден стар руски проектор и сликички на руски.
После тоа, со преселбата на нова адреса, имав привилегија да една просторија ја наречам работилница и да си ја направам во вистинска работилница. За жал тоа никогаш не се случи.
Со пристигнувањето во Швајцаријата и вработувањето “допрев“ до работилница за која би подзавиделе многу механичари.
И така, каа ќе се подзамислам од секогаш сум имал некое местенце каде можев да се “размаам“ со расклопените возила.
И така беше до преди една година и некој месец. Со разделбата од SENN Kieswerk AG, Neuheim, преминав во “илегала“.
Моментално имам темпорерно местенце во една гаража па брзам колку толку да го средам моторчето дури има место каде може со саати, денови да стои размаано?

АМА не само состојбата со “работилницата“ и долгогодишната привилегија, целокупната состојба со промена на работното место ми направи промени на кои уште не можам да се организирам. За среќа, ваа година, лето, и ако едно од нај врнежливите, беше на страната од моторџиите па имаше доволно викенди сончеви или малку по не врнежливи на кои убаво се извозив. Па така скоро сето слободно време го користев за возење или средување на видео материјалот од возењето, не дека е морално или дека има некоја вреност, АМА така си правев убаво на душата и не му давав на мозокот да мисле у сите и секакви правци.
Па така ногу работини за кои поминав, сретнав, измислив, воа лето останаа не запишани.

Еве некоја забелешка која останала не објавена:

  1. Да, пролет е време кога патот не води до раззеленетата Македонија. Обично околу Ѓурѓовден, или крајот на мај за некоја матурска или едноставно топлата пролет не привлекува да се вклучиме во статус лето. Пролетта беше и време кога човеците беа по релаксирани и не ногу наапани. Земјоделските работи на почеток, па уште никој не понижен и потиштен од ниските цени на продуктите. Во последно време воа последно не е така, земјоделци, нема. Тиа малкуто шо останале се борат кој како умее, а патлиџани и крставици наголемо се увезува од белиот свет.
    Да, ни фале вкусот на патлиџаните (во народот познати и како домати или френки) од дреновско или шивечко. Тоа се придобивките од НАТО и стремежот (триесетикусургодишен) за влез во ЕУ.
  2. Скопје 2014, проект на некоја претходна влада со не јасна цел, полека добива на “квалитет“. Барокните тапети полека се изветвени и се распаѓаат, во стилот на старите градби. Ама како и за се друго, во Народна Федеративна Социјалистичка Поранешна Југословенска Република Северна Македонија приоритет има влегувањето во ЕУ. Да сметиме во сопствениот двор? Зошто, сѐ ќе се среде од само, само да се влезе во унијата на “европското семејство“.

Ова е напишано после последното доаѓање во Македонија на кое при прошетката низ Скопјето забележав како “Скопје 2014“ се распаѓа, додека упорно се гради ново и се унакажува постоечкото.

 

  1. Бевме во време на матурските, и ако не директно инволвирани осетивме колку е јак притисокот врз идните академци да достојно го одбележат крајот на средното образовани и со најубави слики и спомени се премини кон последниот чекор од образованието пред заминувањето во белиот свет.
    Да, Македонија не произведува патлиџани (домати) ама за тоа нај убавото семе на државата пред да расцвета им го поклонува на “европејското семејство“.

Воа е напишано од кога во Кавадарцито и на социјалните мрежи, видоме со која енергија се прославува “матурирањето“. Колку пари се трошат за да се создаде имагинарна успешност, зрелост или посебност. За раскошот кои некои го создаваат а други во криза ги турка. “Се има, се може. Или се нема па се глуме!“ – Душко Стефановски, радио Галакси

Еве, после ногу години не сум во Кавадарци за време на “Тиквешкиот Гроздобер“, исто така условено од промената на работното место. Можеби имам запишано (сигурно) дека “Тиквешкиот Гроздобер“ не можам да го прифатам како прослава на грозјето, виното и ракијата, АМА како собранија на која ќе сретниш ногу убави и весели човеци,  е ОК.
Ништо, нека има поминувачка, здравје од година ќе одиме на “Тиквешкиот Гроздобер“ кој ќе биде УШТЕ по убав од сите до сега.

Ама сега приоритет е до крајот на месецот да се среде моторката 😊