ЈНА

“јесен у мене тугује…“
да имаше една таква песма. Ама јас после моето последно поминување по Македонијата не знам дали јесента или минатото тугује у мене?

Како времето поминува така имаме се повеќе минато. И тоа, минатото ни го мате есапот у сегашноста и по малце ни ја заебува иднината.
Има одмори и одмори. Едните стварно ќе те одморат и дадат енергија за борбата со секојдневието, а други па ќе те утепат до срж. Конфронтирањето со места и личности од моето минато последниот пат ме однадиа ѓоа ваквоа. Уште не можам да се уклучам во модус секојдневие. Дали оти на таквите кратки одмори обично ништо не се планира и не се прави по план, па човек има време да врти филмови од минатото кое по традиција “порано сѐ беше по арно“ или филозофирањето во правец “смислата на животот и нашето постоење“. Факт е дека времето не газе или животот и судбината си врве како шо викат старите* по “пишанија“.

Поминувајќи по градови, села, полиња и планини на просторот од поранешна Југославија се прашува човек колку е глупо и не реално нашето постење. Некогаш, пред неколку години сето тоа си го чувствувал како “твое“, дури како припадник на ЈНА си дал заклетва дека ќе го браниш и со цена на сопствениот живот!

Неколку километри “по горе“ до пред некоја година се ебаваме на секоја граница со визи од секоја држава за да поминиш неколку стотини километри по “туѓа“ држава. Времињата поминаа “нашата“ Југославија ја снема, ние не се смениме 😉, ама веќе никој не те прашува каде одиш, а и нема толку граници…

Поминав покрај “Велебрдо“, поминав покрај гробот на Веле Професорот, и се наполнив со виновност. Боли кога ќе видиш како нивната (на родителите) визија и ентузијазмост била илузија. Не дека они не дале се од себе да ја остварат желбата за напредок на фамилијата, туку не калкулирањето на факторот судбина.

И на крајот човек ќе се теши со Македонската митолошка филозофија: “поминувачка нека има“!

 

*- старите, исто така една заебана мерка. Уште не можиме да прифатиме или не сме свесни дека НИЕ сме стари!