21.11.2024

Распад на “вештачката интелигенција“ (AI; KI; …) и кулминација на човечката глупост.

Крајот на дваесеттиот Век, Гого пристигна во Швајцарската Конфедерација. И сретна состојба како на ногу места читана, на телевизија гледана и од човеци слушана, перфектно општество. Првата “слика“ од Швајцаријата која уште ја паметам е скретничарот на железничката станица во Бухс, кантон Санкт Гален, првата станица во Швајцарија кога со воз влегуваш од Австрија. И ако беше дождливо и ладно октомвриско утро, скретничарот облечен во шинел, со шешир на главата и токи-воки на градите со сета смиреност и гордост се движеше меѓу шините комуницираше со некој преку токи-вокито и си работеше како да се најнормални временски услови. Покасно дознав дека вработените во државните железници, поштарите, општинските и комуналните работници се државни службеници и дека и покрај не многу големите плати во споредба со приватниот сектор имаа доста големи бенефиции на кои сите им завидувавме.

Во тие први години живот во Швајцарија дознавме и прифативме многу “традиции“ од животот и тертипот на швајцарците. Од не избежното носење на автомобилот на контрола на издувните гасови (Abkontrolle) преку обавезното носење на сервис во овластен сервис, до редовното менување на зимски и летни гуми на колата “од О до О“ (од октомври до Остерн / Велигден).

Првиот наш автомобил што го возевме по патиштата на Швајцарија, Европа и Балканот беше FORD Sierra. Од “електронски асистенти“ имаше само електрични стакла, не, немаше ни клима.

Но во тоа време, крајот на дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век, летата беа “топли“, а зимите ладни. Не еднаш се случуваше да на некое од нашите престои во Македонија термометарот на колата покажи и 46°C,  ама многу не му обраќавме внимание, термометарот беше од мене инсталиран и не мораме да му веруваме па и зимата кога ќе покажи -18°C.

И еве полека ја завршуваме првата четвртина од дваесет и првиот век. Телевизијата и весниците одамна веќе не се главни. Нашето секојдневие го диктираат ВеВеВе, мобилните (интелигентни) телефони (мобиљките 😉), безбројните “електронски асистенти“ во автомобилите, 5G мрежата и нај модерното сега “вештачката интелигенција“ (AI / KI).

А и времето не е како шо беше. Топлите лета се сега “тропски горештини“, а зимите екстремно ладни!!! И покрај тоа шо од 2012-та не видовме салам зима.

И тогаш дојди!

21.11.2024

Општиот хаос по швајцарските улици и патишта. Од страна на “вештачката интелигенција“, која впрочем со неправда го носи името, со денови се најавува “Signifikanter Schneefall“. И така јас во чест на ВеВеВе и гоогле, се распрашав шо е тоа “сигнификантер“ и разбрав дека има многу значења, може да се разбере како зголемен, или како со голема веројатност, или нешто големо ама не сигурно… и така нашата мила и не разделна “вештачка интелигенција“ очекуваните снежни врнежи си ги крстила  “Signifikanter Schneefall“. Е сега ногу од нас тоа не го разбраа, вклучувајчи го и јас, па лагодно утрото на 21.11.2024 си тргнавме на работа со автомобилите. До душа мојата “служителна“ кола во моментот е OPEL Corsa, која од електронски асистенти има АБС и ноа пипкалото кога паркираш у рикверц, а да и темпомат!!! АМА како секој лојален граѓанин на Швајцарската Конфедерација автомобилот е опремен со зимски гуми.

И така вчерашниот ден јас го завршив како секој работен ден. Од кога ја подзачистив колата од снег седнав во неа и полека по моите познати улички си дојдов до дома со закаснување од некои си пет или десет минути. Тоа не може да го каже мојот колега, кој за пат кој го поминува обично за еден саат му требале само седум (со бројки 7)

Да, беше тоа многу снег. Ама имало толку снег и порано.
Да, зимските служби не го исчистија снегот. Ама тоа не го прават никогаш до сега кога врне снег, не чистат. Можеби ќе поминат и ќе фрлат сол ама чистење не.
Да, возилата со летни гуми имаат проблеми да возат по снег.
Да, денешните возила располагаат со безброј “електронски асистенти“, АМА и за нив важи физиката.
Да, голем број од корисниците на моторизирани возила немаат доживеано вистинска зима.
Да, голем број од корисниците на моторизирани возила се зависни од електронските асистенти …
И ДА, голем број од корисниците на моторизирани возила логиката ја имаат предадено на “електронските асистенти“ и “вештачката интелигенција“, за жал.

И за тоа се случи тоа што се случи. Хаос по патиштата и сензацијски вести по електронските медиуми, со обвинувања до властите и надлежните што не го спречиле снегот! и на граѓаните им овозможат “нормален“ живот како што посакува instagram & co.