20.12.2024, петок.
Последниот работен ден во годината 2024. Му сум се радувал како дете кога роѓенден и Нова година заедно слави. Година која ја истуркав на сила, се однесува за професионалниот дел од времето. Година во која цело време нешто чекав да дојде со надеж дека нешто после тоа ќе се смени. И се сменија, се сменија еден куп работи ама јас уште сум во исчекување на моментот кога нешто ќе направи клик и после се ќе биде по инаку од тоа шо ми се случува. А се случуваа и убави работи, се случуваат уште. Ама јас некако не најдов пристап да на тие убави работи вистински им се радувам. Некако цело време “жалам“ за минатото.
Еве сега имам две недели на располагање да на ново се наштелувам на новата (веќе една година стара) ситуација.
А промени има секаде, еве на пример “Божиќните пазари (базари)“. На времето во Швајцаријата ги имаше на прсти да ги изброиш. Сега скоро секое по големо село организира нешто такво. Порано на тиа пазари можеше да се купат ракотворби од локалните мајстори, произведувачи, уметници и на некое ќоше имаше по една тезга две, со топло вино и некоја кобаска. Последниве години, поготово после короната на тие новогодишни базари “со борина“ треба да бараш некоја тезга со локални производи, сето е “храна“ од егзотичните земји на овој Свет… или марами од Арапскиот свет, украси од Русија, и тертипи од САД. И да сето тоа убаво ти го засладат на пола и повеќе тезги не може да платиш со пари, сите се лигават со “не допирно плаќање“ со картичка или некое од денешните електронски системи за трансакција на пари, нормално, тука веќе не ги играам. Оти јас сум од генерацијата “пара на рака, Мара за рака“ барем кога се работи за на пазар па било тоа да е и Божиќен.
И шо знам. Тоа некое внатрешно не задоволство се пресликува и на показалецот, па тој што и да штракне некако не задоволувачки изгледа. Има еден куп “нови“ фотографии ама никако да видам некоја со УАУ ефект. Ништо, ќе ги оставам во архивата да потлеат, се случувало и порано да некоја фотографија дури на седмо осмо прегледување ме бендиса. А не само виа период, целата година ми изгледа некако “рамна“, кога ја гледам од фотографска гледна точка. Одбирајќи фотографии за календарот 2025 утврдив дека и покрај едно 7 – 8’000 фотографии (што е една од нај малите бројки во последниве десетина години) ретко интересни фотографии сум направил. Па се мислам дали да направам “креативна пауза“ и почнам риби да ловам или си дадам “мотивација“ и зацртам да се направи една или две изложби следната година.
Исто и со овој “простор“ тука. Гледам до пред една година скоро неделно имало по нешто да се искаже пред јавноста, а сега, еднаш годишно. Да, иде крај на годината, па ќе направиме резиме и од година здравје со нов концепт. Па белки тоа малку ќе се донесе на некоја нормала.