24.12. или Бадникова вечер по католички. Традиционално оваа вечер одам и извршувам исликување на вечерното празнично украсен Цуг. И слободно можам да речам дека оваа година беше кулминацијата на разочарувањето. Веќе трета/четврта година по ред го доживувам тивкото и срамно намалување на славењето, одбележувањето на Христовото раѓање. На почетокот, мислев дека е поради короната, па потоа дојди така наречената “енергетска криза“ за да полека почнам да мислам дека сето тоа, не китењето на објекти и дуќани се повеќе е заради се по малиот број на христијани. И Цуг како секој по голем град во Швајцарската Конфедерација сака да биде светцки ориентиран и е, ама има доста деца на ваа држава кои поради лични и општествени причини се одрекнуваат од верата, а се повеќе има “менаџери и газди“ со миграциска позадина и од типот на ЛЉМНЊ или такво нешто, тиа шо не се одлучени шо се.
Во секој случај завртив по градот, направив некоја фотографија и си тргнав накај дома, попат со мисли и размислување дали вреди оваа “традиција“, исликувањето на Бадниковиот Цуг и понатаму ја продолжам?
До душа не само во Цуг, и во другите места каде што бевме по повод Божиќните и Новогодишните празници некако имам чувство дека целиот тој сјај, и ламбички, и свеќички, и лампиони, полека ама сигурно го губат сјајот. Од некогаш, кога сето ова беше во чест и знак на Христа и љубовта негова и кон него, сето воа се претвара во едно големо поле на заглупување на народот со цел да се извлече грош повеќе од џебот на секој еден па макар бил и само Христов верник.