Почеток

Сабота. После неколку дождливи денови и скоро цел месец сиво, ладно, тмурно време огреа с’нце. Моторот кој беше оставен во приправност, последно возење на почетокот на ноември минатата година одма беше повикан во функција. Нема да го крстам прво возење во сезоната 2025 зошто беше повеќе пробно возење, само некои си 45 – 50 км (до Луцерн и назад). И не само пробно за моторот туку и за новите камери. Првата акционска камера «dji Osmo Action 5 PRO» новата фотокамера «Canon EOS R6». Како што реков камерите чекаа на сончево и офарбано време. Фотокамерата требаше да биде испробана на карневалските музиканти кои имаа претставување во Луцерн, ама до тоа не дојди бидејќи имаше толку многу публика што човек не можеше да допре до убава позиција да направи салам фотографии. А новата акционска камера која ќе ја заменува мојата со љубов мразена камера “GoPro 9“ првпат ја монтирав на кацигата (на работното место 😊 ) и првпат прави снимки при сончево време.

Значи сето почна набрзина, од кога приметив дека ќе биде убаво време, патиштата испрани од солта со дожедевите кои врнеа неколку денови пред тоа и информацијата за карневалските музиканти, пали моторката и правец Луцерн.

Од кога стигнав во Луцерн приметив дека микрофонот од акционска камера го нема на местото каде го ставив при тргнувањето. Се поразбуричкав по палтињата, џилетките, ама нема. И така “уфилен“ бидејќи ни едно возење не “издржа“ микрофонот шетам по Луцерн без мотивација да фотографирам или па дури и да се туркам во масата на луѓе шо се собрале пред ККЛ.

Нејси, скратено кругче 150 гр. коштани и ајде пак на моторката за пат накај дома.
И ОП!!! Тогаш го видов микрофонот. “паркиран“ на десниот цилиндер пред карбураторот. Па тоа беа воздишки, па тоа беа радости, па тоа беше среќа… Го ставив во џебот, го затворив џебот со патентот и со клет лепенката и правец дома.

Префрлив видео материјалот од камерата на компјутерот и ПАК разочарување. Микрофонот кој е сега одвоен од камерата веќе не снима шуштењето на ветерот, ама за тоа штракањето на вентилите и звуци кои не сум знаел дека БМВ боксер моторите во опто можат да ги прават, се слушаат како за на ЛП.

И да, секако камерата не убаво нанишанена. Па повеќе ламичките за уље и жмигавците снимани од колку околината.

Дури после неколку прегледување на снимките заклучив дека сета таа кулиса на бучава и штракање е од фактот т.е. само за времето додека микрофонот си “лежел“ на десниот цилиндер.

Ми олесна скроз.

Значи на напред, ќе треба да се организирам вистински и убаво.

Ќе биде убава година.