Родител
Дете
Мајка
Син
Љубов
Мисли
Дом
Туѓина
Чекање
Писмо
Чекање
Видување
Далечина
Радост
Тага
со недели пробувам да напишам нешто, ама некако никако не ми тргнува работата…
Родител
Дете
Мајка
Син
Љубов
Мисли
Дом
Туѓина
Чекање
Писмо
Чекање
Видување
Далечина
Радост
Тага
Полека ама сигурно наближувам накај бројката 60. Порано, како деца, тиа човеци шо беа околу шеесет години за нас беа стари и мудри. Ги почитуваме, респектираме и слушаме, за тоа шо знаеја ногу за животот, светот и векот. И како шо е редот со годините и јас доста работи научив, дознав, разбрав. Темелот и правецот за тоа кој колку ќе биде мудар и како ќе се турка низ животот се поставува уште во детските денови. Градители на темелот секогаш се родителите. И покрај тоа шо у тоа време нивните совети и укори ги сметаме за “застарени“ и излишни, со годините ќе приметиш дека баш тоа, секој збор, секоја замерка, секој укор, ногу значат во животот. Од родителите научив ногу работи, за светот, земјите, човеците, историјата, техниката, културата. Ама мајка ме научи да го користам мозокот и да “не одам по светот ѓоа мува без глава“. “Чукни а таа црпката!!!“ беше во секој “поправен говор“ после секоја моја глупост.
Зборовите од Мајка ме следеа секој Божји ден, секоја ноќ, секогаш. И тука илјадници километри далеку. Можеби не знаев добро јазик, можеби не знаев многу работи како се работат, ама зборовите од Мајка секогаш помагаа и беа во право. Каа ќе си а чукниш црпката, и ќе размислиш како функционира таквоата, секогаш убаво сум поминувал.
Сега а нема Мајка. А нема да каже уште некоја поука, да ме опцуе кога нема на време да се јавам и да ме прк’не по нејзин стил (пет, пет да ти се родат каа тебе, па да видиш шо има под Господ!)
Смртта, која е табу во нашата култура и традиција, не раздели физички. Ама врската ќе трае се додека и јас ја газам оваа земја и по која одам по правец од Мајка и од Татко.
Со Мајка и со Татко сум имал по две разделби, до душа со Мајка три. И сите тие оставале трага и бил ама денеска ги разбирам како најнормална еволуција.
Ја напуштив куќата, заминав за странство. Тешко ни беше на сите, ама секогаш беме секој за секого тука. Кај со мислите, кај со писмото, кај со телефонот. Нај тешка “разделба“ ми била со Мајка кога почна да заборава од сега за одма…
Јас мислам дека нема по лоша загуба на човек кога ќе почне самиот да се губи. Кога мозокот веќе не функционира и кога ништо не може да го поправи тоа. Секој збор, секое дејствие знаеш дека е само од моментална вредност, за тоа што после неколку секунди гледаш како човекот кој бил твоја потпора и дарител на моќ, заборава што се случува и каде е…
Тоа време, тие месеци, беше вистинскиот испит. Денови саати моменти кога секогаш од поново се прашуваш зошто? И денови саати моменти кога човек ја осетува својата немоќ. Немоќ да се сменат работите. Немоќ да направиш нешто со кое ќе се врати спокојот. Немоќ за тоа што не можеш да секој ден саат момент правиш нешто убаво за својата сакана личност, за тоа што после неколку моменти, што и да направиш ќе биде заборавено и пак треба се од поново.
И така секогаш кога ќе видиш некој како работи “ѓоа прле пред магарица“!, се влечи “ѓоа мува без глава“ ќе се потсетам на моите створители и градители.
Еве денес напишав уште некој ред. А има уште ногу да се пишува. И ќе се пишува, во секоја реченица, во секој збор за било кој поглед на Светот има дел од моите родители, за тоа што они ме научиле да мислам овака.