Помина месецот на мачорите. Краток, сив, тмурен и едноставно никаков.
Во сета таа депресија настрадаа “социјал(истички)ните“ мрежи. Гого уште еднаш повеќе ќе проба да добие растојание од нив.
Јас сум еден од ниа “старите“ шо не се многу восхитуваат на промените. Поготово не на промените на “правилата за игра“ додека играта траи. Преди ногу години кога се уклучив на фацебукот и на инстаграмот (сега гледам дека тоа се повеќе од осум години, а пассвортот не ми е сменет 😊 уште е првиот) Фацебукот беше платформа за споделување на активностите од членовите а инстаграмот за споделување на фотографии. Моментално и двете забегаа у пичке материне. Фотографиите не можеш да ги видич од “видео клипчињата“ на “инфлуенцери“, “блогери“, “влогери“ и слични приказишта со напумпани муцки. Фацебукот помина во место на собирање донации за болни, гладни, угнетени, место за празнење на фрустрациите и глупоста на болни човечиња со мали цоциња…
И заради поради тоа, јас моите фотографии ќе си ги лепам на моите интернет страни, а по некој збор (мака) ќе пишам тука вака.
Па кој милува нека ме “посети“.
Е сега видео записите уште ќе ги закачувам на јутубето, прибидејќи затоа што колку толку уште не трпат и ни објавуваат видеа во големини од неколку гигабајти…