Секој ден, после работата, на пат за накај дома треба да се вклучам на кружен тек. Јас не сум од оние кои се брзаат некаде, и ако се брзам и тогаш не возам брзо или агресивно, нихт функциониерен!
Кружните токови и швајцарските управувачи на моторни возила, тоа ти е приказна за себе. Едно 87,4 до 93,7 % не знаат како да пријдат и да поминат преку кружниот ток.
Во доцните години на дваесеттиот век кога повеќе го користев телевизорот како средство за утепување на времето, ги следев сериите од научнофантастичниот репертоар. Во една од сериите (или филм беше?) на “Ѕвездените Патеки“ (StarTrek) екипажот на вселенскиот брод “Ентерпрајс“ доби задача да се врати во минатото и да а управе работата. За тоа они ногу брзо требаа да патуваат низ галаксиите за да го вратат времето назад. И прибидејќи вселенскиот брод “Ентерпрајс“ леташе само со брзина од еден или два-три “ворб“ мораа да ја користат гравитационата сила на некоја си планета за да ги забрза на ногу повеќе од тиа ворб-вите… И така они залетаа накај планетата (таа и таа) повлечени од гравитацијата на планетата направија да гравитационата сила се претвори во центрипетална сила и ги залетаа, залетаа у пичку мајчин!!! И така се вратија неколку стотина години….
Е да тоа беше нивната цел, да се вратат во минатото. АМА мене не ми се јасни управувачите на моторни возила кои по секоја цена залетуваат накај кружниот ток за да после неколку метри од него кочат до даска! И така стојам и ги посматрам како повеќето од нив со стиснати заби и укочени сими поминуваат низ кружниот ток и молат Бога да сите електронски асистенти на нивните им нови автомобили им помогнат и го преживејат моментот на поносното искористување на правото за прединство…
Еве полека се трошат месеците со буква “Р“, па со нетрпение чекам да светне сонцето и јас и моторката курдисаме да ги газиме патиштата на Швајцарската Конфедерација. Ќе биде тоа жесток почеток на сезона, секоја сезона се повеќе и повеќе има управувачи на двотркални моторни возила кои улиците и патиштата на Швајцарската Конфедерација ги пренаменуваат во тркачки стази. Ама жилава е ваа дуња, ќе не издржи сите нас на ново, како и секогаш до сега.
И така уште некој ден ќе уживам во возењето покрај езерото до работата и назад со мојот омилен автомобил со не веројатни 1400 кибици и повеќе од 70 коњски сили!!!