ништо

Уште преди ногу години, од кога се откажав од сите активности за “Македонцките работи“ во Швајцарската Конфедерација, се запцув, зак’нав и престанав да пишувам, коментирам и солам памет за политичките, економските и сите други сфери од животот во Народната Федеративна Социјалистичка Поранешна Југословенска Република Северна Македонија. Борбата за Македонија да стане поубаво место за живеење ја оставив на другите. Јас како пизда се повлечив и си ги уживам благодетите кои ми ги нуди оваа туѓа земја. И можам со мирна совест да кажам дека да бидеш туѓ на туѓото, во оваа туѓа земја, не ни толку лошо.

Еве почна пролетта и поминува еднонеделното жалење за Македонците сотрени во Кочани. Во “кабаре“!?!? Не децата не ги сотре огинот, децата ги сотре системот. Систем кој триесет години гние, гние, гние и ете уништува полека сѐ.

Гледам по интернетот и повторно идам до заклучок дека Македонија е колевка на експерти за сите области. Жално е што сето воа ќе трае дури не дувне развигорчето. И тогаш пак: “Караваните си минат, кучињата си лаат…“

Недела наутро. Термин за средба со “Комитетот“. Во братското и револуциенерно Брунен, спротива од Рути каде е основана Швајцарската Конфедерација. Главна тема на денешната дебата беше: “Изградените куќи (палати) во родната Македонија и можноста за нивно продавање“. Утврдено беше дека тоа тешко ќе е можно за тоа што се повеќе народ нема интерес да “живее“ во Народна Федеративна Социјалистичка Поранешна Југословенска Република Северна Македонија. Исто беше забележано дека од некогашните 90% гастарбајтери кои планираа да си одат за пензионерските денови на радната им грутка, ниту 10 % со камења не можиш да ги избркаш од Швајцаријата сега.

Не секаде се кокичињата весници на пролетта. Во Швајцаријата се и пролетните изложби во моторциклистичките продавници/претставништва/салони. Па така денешниот пролетен, згрешен ден (прогнозата беше дожд и ветришта, а оно сончево и тивко) го искористив да го посетам мојот матичен продавач на моторцикли од ѓерманската марка БеМеВе. Покрај најновите модели на BMW ги имаше и KTM, Triumph, Gas Gas i Vespa. Имаше и едни деца шо ги шкрипеа моторките по асфалтот и секако пиво и кобаски. Денеска ја имав и првата средба со BMW R 1300 GS Adventure. Првиот впечаток: перална ли си или с’ндак за дибоко замрзнување? Шознам како успеваат да го продаваат како “патничко ендуро“?!?!? Јака му душа и мускули, на тиа шо со тиа шифуњер ќе курдиса да шета по светот.

И да, можам да кажам некогаш е ногу убаво да правиш НИШТО. Од дамна така интензивно не сум работел на тоа да ништо не работам, и убаво е бе. Ете едвај чекам утре на работа да одам 😉!