Велигденска исповед

 

Убав светол ден. Како ногу (сите) години до сега на ден Велигден палиме колата и право во црква. Таа е една од неколкуте годишни посети на црквата во Триенген. Попат ќе се напишат неколку пораки по СМС, на социјалните мрежи и задолжителното јавување до Мајка по телефон, да и кажеме дека “Ристос воскресе“!
Е нема. Нема веќе на кој да се јавуваме. Телефонски. Со другите ни ближни ги користиме по ујгун каналите, по пораки и слично, па кој кога милуе ќе виде и ќе одговоре.

Црквата “тактички“ ја намериме околу 11 / 11:30 демек да намале гужвата. Ама за жал на Македонија незнам колку веќе Македонци во Швајцаријата има. Мислам дека нема веќе Македонци во Македонија или барем не млади. Жално.

На прославата во салата, исто. Илјадници Македонци, млади, нам не познати. Тука таму ќе сретнам уште по некој од “старото“ раководство на црквата, на прсти се бројат.

И ни остана “традиционалниот“ вкус на ќебапите и мислите, колку Светот се менува а нас ич не не прашува.