Одмор…

Дали некогаш Вештачката Интелигенција ќе биде по паметна од човечката интелигенција.

ДА. Вештачката Интелигенција наскоро ќе завладее со Светот, ако не е веќе и сега така.

А тоа ногу едноставно, не за тоа што Вештачката Интелигенција секојдневно се развива туку за тоа шо интелигенцијата од суштеството човек секојдневно затупува.

А од друга страна, таканаречената вештачка интелигенција и во општо не е интелигентна, туку е како шо вика Ване: “не треба ногу да имаш туку на време да ти иде!“, едноставно брза во пребарување на податоците по сите меморииски единици и НУЛИ на овој свет. И ако црпе и информации и од машинеријата Холивуд, ни се еба мамето.

Мај, лето Господово 2025. Поради техничко ситуациони причини Ѓурѓевденскиот одмор во Македонија беше заменет со “летниот одмот 25“. И прибидејќи затоа што ова треба да изиграва летен одмор се бараше место топло колку шо може повеќе.

Во сета таа еуфорија, појачана и со дешавките на работното место “забегаме“ на одмор на нај топлиот остров во Средоземјето. Јес да е грчки и јес да е море, ама одмор ми треба под хитно. Во сето то спремање , ко впрочем мислиме дека е рутина, традиционално се заборава по нешто. Овој пат беше телефонот, во народот познат како мобиљка или интелигентен телефон.

Ништо, тоа го забележав на едно 5-6 километри од дома, АМА!!!! “синко, каа ќе тргниш на пат не се повраќај, невела е!!!“ е врежано дибоко у мојата ДНК. А плус тоа сигурно моите сопатници ќе ми дозволат да си поиграам на нивните мобиљки, а и не ми треба , нели на одмор. Освен со што со еден колега се договориме да го потсетам за една работа. Ама та тоа можам и по е/маИјл. Може, тикви! Даваш адерса, пишуваш лозинка…. И ПОЧНУВА! Вештачката Интелигенција со сета нејзина желба да ме заштите почнува да бара уште воа уште ноа само за да ОНА утврде дека јас сум јас и дека јас сакам од друг уред да се пријавам. Нема разбирачка. Без интелигентниот телефон си никој и ништо. Интерфејсот помеѓу човекот јас и Вештачката Интелигенција фале у нашиот муабет.

И така ќе си го земиш пивото, ќе си седниш пред морските далечини и ќе уживаш во звуците на брановите. И це мислиш.

Преди ногу години, четириесет (со бројки  40) поминав една година у една дружина и за тоа време од тринаесет месеци не користев чадор или кишобран 😉 , после тоа јас во мојот живот не сум имал чадор, мој, ниту па сум користел.

Дали сега, после неколкудневното не користење на Интелигентниот ми телефон ќе можам да се откажам и од поддршката на Вештачката Интелигенција? Едно е сигурно, зависноста од  Вештачката Интелигенција ќе ја дотерам на минимУМ или скроз ако се може.

А патувањето како патување. Секое мое патување на мене лично ми прави стрес. Не сум некој што мечтае да шета и открива нови хоризонти. Еве баш овие денови, ограничен со “поглед кон светот“ размислувам и гледам во околината тука. Потребно ли ми е ова мене? Шо имам јас од сето ова? одмор, да. Ама одмор од шо?  Ајде, ќе помине и ќе се преслушам после повторно. И можат ли те три, пет, десет денови да те одморат од тоа што се вика живот? Ногу по голем поборник сум да си го најдиш балансот помеѓу работата, обрските и одморот и задоволството секој ден и секаде, и угу!