ECE 22/06

1992. YAMAHA XJ 600 S, четири цилиндри и шеесет коњски сили, 8’890.- фр. , две кациги по 300.- фр. Две палтенца и нараквици и почна сезоната 1992 и со тоа моето моторизирано шпартање на патиштата низ Швајцарската Конфедерација. И така со едно 10’000  франака се почнуваше моторциклизам во “средна класа“.

Годините поминуваа моторите се менуваа а опремата беше се по скапа и по скапа.
На почетокот сменив неколку опреми се додека во “самопослугата“ не начекав едно палтенце од марката RUKA и намалено на 50% за цели 90.- фр., го сокинав, не не го сокинав, обели од носење неколку години, и лето и зима.

Пред некоја година го набавив актуелниот ми моторцикал па оти така по нов, викам ајде и опремата да ја обновам, темелно. Еве трета година, после четири палтиња и неколку панталони уште не можам да ја најдам идеалната опрема, а не се малку пари. Цените на по сериозните палтиња од RUKA  се со четирицифрена борјка напишани, а за комоција (на пробано) некако како да се за тркачи од по 68 кила направени.

Сето се развиваше со некое очекувачко и предвидливо напредување, се додека не се појави “короната“ и условено од затварањето на сите разонодувачки објекти се живо и диво и шуто и сакато почна да возе моторцикли како можност за ослободување….
Моторциклистичката индустрија како тоа да го чекаше, ги напумпа цените на нај јако и за да може секој еден да го управува возилото на две тркала го опремија со безбројни “асистенти“

Поскапување на моторциклизмот, не само условено од се поскапите моторцикли туку од секојдневното условување на моторциклистите за користење на СКАПА опрема. Илузијата дека секој еден МОРА да користи моторцикал е болна работа. Почнувајќи од “обуката“ и полагањето за управување со моторцикал, кое секој еден го поминува, условува да произведувачите на моторцикли и властите ги прилагодат моторциклите да секој еден може да ги управува. АБС, АСР, автоматизирани менувачи, темпомати, радари, …. нормално дека секој еден ќе се чувствува сигурен на возилото со две тркала. И после ќе испадне на виделина. сите светци и сите асистенти не можат да ја победат физиката. Точно е тоа, ако како моторциклист носиш заштитна опрема, сертифицирана по нај новите стандарди во дел од ситуациите ќе ти помогне да поминеш со по лесно. АМА ако некој не доспан и анестезиран управувач на возило со 40 тони те собере не ти помагаат сите бројки на сертификати шо ги продаваат по сите цени.

Јас не сум моторџија. Јас сум едноставен  моторциклист кој користењето на моторциклот го гледа како релаксација и бегање од секојдневието.

Кога далечната 1980 година почнав да возам моторизирани двотркални возила не го почнав тоа за да возам ЕЦЕ 22/06, А1 или А2 или како се викат сите тие сертификати за сите облеки и кациги и нараквици и чевли за на моторцикал, тоа го почнав за тоа што сакав да се издвојам од масата и да бидам слободен. И да јас ќе возам како мене ми е убаво, имало тоа сертификат или не. И да, на точката кога Вештачката Интелигенција ќе победи над здравиот човечки разум ќе видам дали ќе ребелирам или ќе се откажам .

И ете, ваа година “успеав“, после 33 години да го помина превојот Готхард денот кога се отвара за сообраќај (традиционално средината на месец мај). И ако прв ден снег на превојот скоро и да немаше. Сум го поминувал обично почетокот на јуни а имало години и кога средината на јуни имаше повеќе снег од сега.

Ама пак за тоа, велосипедисти и слабомоторизирани холанѓани со камп приколки уште првиот ден. А покрај тие “кочници“ и спротивниот табор, со малите Роси, Маркез и сите останати замислени тркачи. Многу од нив со бројката «L» како да сакаат да покажат на целиот свет дека се владетели на секоја ситуација. Да борбата за место на сообраќајниците почна. Секако ќе мора да пловиме сите заедно или да си најдиш патче кое не е толку атрактивно и исликано на instagram & co.