Со здрав разум против вештачка интелигенција (?)

Бранко бил во Албанија, пред две недели.
Миле бил на скијање, пред пет денови.
Корин рекламира манифестација, помината пред десет денови.
Реклами за концерт кој одамна веќе завршен и заборавен
Вести за некое село во Ѓерманија шо ни во Минхен не го знаат каде е.
Понуди за продукти за кои воопшто немам намена.
Упорно убедување дека “вештачката интелигенција“ е нашата иднина.

И да. Полека, ама сигурно вештачката интелигенција го победува здравиот човечки разум.

Веќе повеќе од една година (22 месеци) никако редот да го фанам со ова пишување, забележување, а исто така и со фотографијата некако не ми е оде од рака… Условено од моето “ново“ работно место кое бара повеќе и по интензивна работа, некако ја изгубив слободата и лабавоста на работата и можноста помеѓу две задачки да откинам некоја минута за пишување и за редење на фотографиите. Исто така ногу “домашни задачи“ кои ги завршував за време на работното време во предходната ми фирма, сега морам да ги работам во слободното време, дома.

И така, ќе си дојдам дома, изморен од работа, не сум веќе 20 годишен, па основната активност навечер и во слободните денови ми беше седењето пред “социјалните мрежи“ со намера да некако не изгубам “контакт“ со Светот. И, ОП со времето приметив дека не само шо се друго запоставив туку дека почнувам да конзумирам вести и информации кои во општо не ме интересираат или сакам да ги знам.

Стварно е глупо кога ќе приметиш како оглупуваш полека, ама сигурно, конзумирајќи непотребни и од вештачката интелигенција спремни и скроени содржини демек по мој терк, а тоа како шо викам спремно и спакувано од вештачка “интелигенција“.

И сега, дигам ручната, гасам моторот и ќе пробам да ресетирам и на ново стартувам и тргнам по друг пат па макар тој бил не навигиран од вештачка “интелигенција“.

Да, ќе ме има тука (се надевам) по често. Да, ќе се потрудам да има повеќе фотографии на www.foto-gogo.ch

И да, на фацебукот и инстаграмот ќе се намалат посетите, за тоа шо тиа платформи, по мое, веома врло добро “забегаа“