Избеглици, вештачка интелигенција, безполовни суштества….

24 декември. Бадникова вечер, по католички. Традиционално се извршува исликување на Божиќно (новогодишно) украсениот Цуг. И да, повторно разочарување.

Сето почна со короната, тиа стравотен светски поредок. Тогаш почнаа да ги намалуваат активностите и со тоа и многу во мирување продавници и фирми не учествуваа во украсувањето и осветлувањето за Новогодишните и Божиќните празници. После извикаа така наречена енергетска криза, и ОП, пак ги намалија ламбичките.

Исто така до пред некоја година за време на мојот фотографски поход за време на Бадниковата вечер бев сам по улиците на Цуг или ќе сретнев двајца тројца… Сега не е веќе така, фрекфенцијата по улиците е намалена ама како да ногу човеци и не слават Бадник па си висат по улиците како секој ден.
Ајде шо не украсуват може и да разберам, сето тоа кошта и време и пари. АМА шо господата од СББ (државните железници) не смогнале сили и веделе за сходно барем да го “уклучат“ осветлувањето на железничката станица која уште од самата изградба ја има таа опција да биде осветлена во стотина бои, е знак дека човештвото забегува во непознат правец, она со три ПМ и тоа ни е промашено.

А од друга страна и јас не бев нај мотивиран оваа година да одам по градовите и селата и да ги фотографирам ламбичките и гужвите. Гужвите се тие шо у последно време ми сметаат, ногу ми сметаат. А поготово сега во ова време на Божиќни пазари и панаѓури. Исто како шо ме нервираат (уште и секогаш) автомобилистите кои не се способни да кога ќе се запали зеленото светло на семафорот да тргнат, така ме нервираат и моите сожители кои во гужвите на пазарите, панаѓурите и манифестациите се движат како “муви без глава“ или си стојат и го ужуваат топлото вино на место каде треба да помине маса од народ. Ногу од нив влечени од мобиљката во рака со цел да се направи фотографија за инштаграм или слично.

Почетокот на осумдесетите години на минатиот век доста од слободното време го минував на пазарот во Кавадарци, продавајќи праски, јаболки, круши. Таму, на пазарот научив ногу работи од областа на однесувањето на човеците и однесувањето спрема човеците. Најважно беше сабајле да отидиш и фаниш ќоше, место кај шо масата на човеци ја намалува брзината на движење. Место кај се сретнуват човеци и прават застој пред тезгата. И така на такви места гледав и доживував како човеци кои се сретнуваа и си правеа муабет беа укорувани и карани од човеци кои си имаа работа и не сакат да бидат кочени од некои си размуабетени тетки. Не сте свесни колку таков народ има по Светот. Човеци, повеќето млади од генерацијата «Z» кои стојат на сред пат или сред раскрсница и си ги “мерат“ мобиљките, тука му текнало да го густираат виното топло, или едноставо запнале баш тука да го направат селфито на денот!!! Нервира, ме нервира тоа и за тоа бегам од гужви. Исто како шо ме нервира движењето на некои поединки (доста и такви има) кои се движат по логика на некоја друга галаксија.

Ете шетам и по Луцерн, првиот ден Божиќ по Католички. Раздвиженоста по улиците е многу по голема од колку синоќа. Ама теркот е тиа. Гледаш ламбички, гледаш лампиони, гледаш украсени излози сето тоа со намера да те анимира да се купи и поклони нешто. Целиот тој сјај веќе полека се гаси и на втори или нај касно на седми јануари (кантоните Швиц, Цуг) ќе помине како ништо да не било. Нема радување за Новата година. Колку е извитоперено ова Божиќно славење. За време на другарот Тито, кога црквата и религијата немаа право на глас во општеството, славењето на Божиќ, Велигден и другите верски празници беа сведени на прослава за празникот, така чисто и искрено како шо вика религијата. У денешно време прославувањето на овие верски празници се сведува на тоа кој повеќе ќе изнакупи подароци, кој повеќе денови ќе замине на одмор во некоја си не толку Христијанска земја, важно сонце и море да има, а причината за која добиваш слободни денови и се занемарува.

Поминувачка нека има.

 

» Zug, fotos 

» Zug, video 

» Luzern, fotos

» Luzern video