мерење во песок

Да, почна Новата година.
Секако дека нај озбилно и со нај многу желби си посакавме да Новата година ни биде среќна, бериќетна и по убава од минатата, старата, година.
И да. Уште првите два дена сѐ си еба мајката.
Првото утро во “новата“ година не пречека со веста дека во Швајцарија во стравотна катастрофа настрадале преку 150 млади луѓе. Некои и смртоносно.
Знам, “само“ четириесет се починати, ама настрадани се стотици. Јас не можам да замислам дека родителите и блиските на тие деца некогаш ќе бидат нормални сограѓани. Господ нека ги помилува нивните души, а на преживеаните нека им дава сила.

Почетокот на осумдесеттите години од минатиот век имаме навика да летото прошетаме до Охрид и околината, на летен одмор демек. Сега да речам дека беме деца, не е точно, беме по повеќе од 18 години, полнолетни, со лекарско од Наумчев и со возачки дозволи за управување на моторните возила. Ама ни се ја тераме детската. Лудуеме и измислуваме работини шо беа на работ на легалноста. Ама една работа шо не беше на работ, туку стварно беше во рубриката глупости беше “мерењето во песок“. (кој правел, знае шо е тоа 😊 )

Од нашето мерење во песок, никој не страдаше. Само се отвараа муабети за некое време, да има шо да се лафе. Заебано е кога некои личности, моќни, мерењето во песок го прават на начин со кој страдаат милиони човеци или цели нации. Некои “моќници“ си земаат за право да р’шат по светот ѓоа да на мајка му е. И после се чудат зошто има тероризам и осветољубие.

Ајде, ајде да ја почниме Новата година од почеток, од нов почеток. Да речиме од Божиќ по првославно или од Нова година по првославниот календар. (првославно не е грешка напишано, така ме научи баба Зора, Бог да ја прости)

Ееее кога би прифатиле да живееме по тоа како не учеле старите, а не како бара “инштаграм & co.“. Тогаш Светот и ако по старински, сигурно би бил по убаво место за живеење. Нема да има потреба заради профит да се газе по лешеви, нема да има потреба да измислуваме топла вода, нема да има потреба да создаваме Свет на илузија.

АМА! ….

АЈДЕ, еве пак,
Среќна Нова година, нека ни донесе многу здравје, радост и успеси, нека биде среќна и бериќетна.
Еве нека биде од утре тоа.