Од кај 22.12. до кај 10.01.
– Среќна Нова година
– Нека новата година ти донесе среќна, здравје и успех
– Многу здравје и радост во Новата година
– Честит Божиќ и пријатни Божиќни празници
– За многу години денот, многу здравје радост среќа и бериќет
01.01. (сабајле)
Во ноќен бар во Кра-Монтана во катастрофален пожар десетици млади луѓе загинати и стотина повредени.
03.01. (ноќеска)
“миротворците“ од америката киднапираат легитимен претседател на суверена држава. (успат истепале 30 – 40 души)
04.01. грлото гребе како да сум пеел и првата и втората новогодишна вечер…
05.01. претседателот на дивиот запад изјавува дека нему ногу му требе Гренланд и ако треба и со пушка берданка ќе си го земе.
06.01. Бадникова вечера, гребењто на грлото се претвори во воспаление на грлото со мала инфекција
08.01.2026
Седам дома и се мислам. Шо згрешиме? Малце ли си посакуваме? Не ли беа искрени желбите? Шо праиме сеа?
Ногу мразам кога реалноста ќе не шибне у тилот, така сурово, и без осет.