Болен Дојчин

Скечерки, фармерки, маички со некое слико на левата цицка, палтенца вакви, РеиБан на носот… лајкови мајкови, сѐ се работе да бидиме “кул“ и во тек со времето и модата.
Ама човеци, тоа ич кур не го боле ишиасот. Тука само ноа бројчаникот кој секој ден врте незапирливо ни го мате есапот.

Годината стварно не ми почна убаво од здравствена страна. Со недели наместо ракија и салата, апчиња, кремови и сирупи се клукам. Не е интересно.
Заебана работа. Само шо сум влегол во шеесетата година почнаа работини да ми се случуват шо до сега ги немам доживеано и не во таков размер. Да те легне, да не може да си потераш работа. И така и тие моменти дури прекршен лежиш ќе ти се извртат сите филмови за тоа како човекот е потрошен материјал.

Коа ци го вратам филмот, каа деца дури си ги капеме колената по игралиштето, нашите родители и нивните другари кои имаа по четириесет години за нас беа стари човеци. Шо да ти расправам за ниа шо имаа по шеесет години, ептен стари, дедовци баби тиа беа човеци шо си ја завршиле работата и ништо не можат веќе.

У денешно време ние се силиме дека денешните шеесет се како некогашните четириесет. АМА животот секојдневно не спушта (ма не траќа) на земја. А можеби не е само времето туку и годините кои не приморуваат да го искористиме искуството и мудроста. Пред некоја година со оваква или слична здравствена состојба после првиот ден ќе ги стиснев забите ќе ги наполнев џебовите со шарветки и ќе заминев на работа. Сега не. Сега прифатив дека моето тело е болно и дека никој шеф и никоја фирма нема да ти каже браво или фала шо идиш прекршен на работа.

Мојата моментална цел е да што по убаво оздравам и да на што по брзо ги уживам секојдневните убавини шо ни ги пружа овој свет и век.