нарака

Истрошеност.
Истрошено, старо, ветво, …
Ишијас. Шо да ти расправам? Почна уште од пред некој месец. Така без никакви причини и поводи, едноставно одвреме навреме болка во крстот како да боде некој со изабен нож. Секунда, неколку, и ќе помине. И некогаш досади. И ај на доктор. Матичниот шо да ти кажам, одма вика на магнетна (рентгените ги исфрлија од ординацијата со заминување на стариот доктор во пензија…)
Поминав на тоа цевката и резултатите беа тиа, “забот на времето“ си го сторил своето. Шо нешто по истрошено, шо нешто по начарано, едноставно ИСТРОШЕНОСТ.

Обично во зимскиот период слободното време го утепувам пред компјутерот. Имам неколку канали на јутубето кои ги пратам, нешто мотори, нешто фотографија, по неколку. Оваа година приметив дека долгогодишните јутубери полека ама сигурно тонат… А има и два канали кои веќе никако веќе не ги кликнувам. Интересно е да се забележе колку човеците самите себе се уништуваат само заради притисокот и конкуренцијата. Се снимаат работи за кои и они самите не се сигурни, ма може дури и се срамат од нив. Ама пусто запцување секоја недела да се направи видео. До скорото на каналите на моите колеги од фото вероисповеста можев секогаш да разберам по некоја интересна информација, финта, а од “моторџиите“ убав совет или предлог за наредното возење… И како шо викам во последно време стварно веќе не знаат или не се приметуват шо лафат. Забегуват ептен у филозофирањето околу темите. И така ги намалив посетите по експертите…

Ама, како што судбината сака, поради унапредување на опремата и набавка на најнова алатка за светлосно забележување на околината, си реков ајде да разгледам по “колегите“ кои веќе го употребуваат, наместо да го читам упатството кое е распослано на илјада и кусур страници. И оп! Види колку забегале. Јас стварно сакав да разберам кој како и со кои подесувања фотографира ама се шо разбрав е дека јас сум “заостанат“.

Преди ногу години, кога моето фотографско патување започна, започна на една солидна руска фотографска камера наречена WERRA. Тогаш научив како и кога да ги завртам “прстените“ на објективот за да добијам корисна комбинација на бројките кои осветлување значат. Кога пораснав и ако не одговараше на моите потреби ја набавив во тоа време иновативната камера на марката Canon со бројката 5. Она немаше прстени на објективот, барем не за подесување на осветлувањето, туку преку шалтери и копчиња можеше да наштелуваш бленда и експозиција. Нормално на почетокот тоа и го работев, ама со времето… Некогаш забележав дека и автоматиката на алатката задоволувачки или добри резултати испорачува. Па моментално можам со чиста совест да кажам дека во 90% ја користам автоматиката или полуавтоматиката на камерата. Многу повеќе се концентрирам на мотивот и композицијата од колку на “бројките кои живот значат“ 😊
И така купуваш моќна алатка која кошта неколку илјади дукати и после слушаш од “професионалците“ како треба да и ја исклучиш автоматиката убациш во “М“ и повторно пред секоја фотографија да ги остриш бројките за пристојно осветлување. Бре?!?!?

Ајде, нејси. Ете веќе една недела сум сопственик на прекрасна ФОТО камера, која можи да снима и видео, ама и оваа ќе го оди нашето заедничко патување како и претходната, во 90% на буквата “П“ и можеби ќе направи 5 или 10 минути видео во текот на годината…

Воа со мрдањето на бројките за бленда и експозиција, не знам дали е истрошеност или старост? Можеби пак ќе дојдат моменти на мое фотографско експериментирање, ама до тогаш ќе го чекам сонцето или барем фотогеничната магла…