Денови, недели, месеци, ма еве пола година помина и некако да седнам да напишам нешто.
Не дека нема шо да се напише ама некако никако да ги прилагодам моите мисли на ситуацијата. Јас секогаш, во повеќето ситуации, имам свое мислење. И моето мислење не е во хармонија со мислите на јавноста или на поголемиот дел од моите современици. Па така за мир во душата и избегнување на расправии и дискусии околу некои си банални работи закочував после неколку напишани редови.
Еве на пример ќе почнам од последните мисли, т.е. од вечните. Цената на грозјето. Јас работев во сепарација за песок во ридски предел. За да добиеме песок треба прво да се дојде до наслагите со песок кои настанале преди милиони години и кои се прекриени со земја и вегетација. Потоа се носи материјалот кој во голем дел е измешан со земја и нечистотии на дробење и перење. За да на крајот добиеш песок кој може да го сепарираш во разни големини. Песокот добиен на тој начин беше по скап со 20 до 30 проценти одколку оној добиен со сепарирање на речен песок. АМА и покрај тоа заради своите специфичности и потребите за тој вид на песок се продаваше со добивка. На газдата на крај памет не му идеше да ја намали или израмни цената со цената на конкуренцијата. Меродавно за формирање на цената беше трошокот и вложениот труд за добивање на песокот.
За жал поголемиот дел од лозарите во Тиквешијата не знаат зошто засадиле или купиле лозје и шо ќе прават со грозјето. А друга приказна е ноа шо го продаваат грозјето по цена која КУПУВАЧОТ ја дефинира ?!?!? Како може да не знаеш колку те кошта производството на еден килограм грозје??? И ако те кошта 20, зошто го продаваш за 10?
Ете на пример јас би ги пишувал моите видување за таа ситуација, АМА големиот дел од сограѓаните од лозарската вероисповест ќе се дигнат и ќе почнат да ме фиросуват. Не ми требе тоа.
Друга работа шо ме преокупира во последно време е грижата на властите, европејски. Поготово грижата за моторциклистите. Дека носењето на заштитен шлем, кацига, е веќе задолжително секаде тоа го знаеме. Во поголемиот дел од светот тоа треба да е и сертифицрана мото кацига со број 22.06 мислам, (освен во Германија, таму може да се носе со сите и без бројки…) и сега тоа не е доволно па за да не заштитат ќе ни уведат закон со кој штом ќе се качиш на моторцикал ќе мора да носиш и сертифицирани заштитни палта, панталони, нараквици и чизми. Сето тоа за нашето здравје и сигурност. И така полека ќе не натерат да размислуваме за друго хоби, на старости…
Иначе да. Возењето на мотор уште ми приредува задоволство и ме одмара. Оваа година може да се пофалиме дека времето барем е на наша страна, со исклучок на неколку недели кои беа не толку топли, туку жешки. А кога е жешко возењето не праве задоволство. Искористивме два дена од летниот одмор да направиме една мала тура низ Алпите. Во два дена кои поминаа почнувајќи со дожд, па магла и 12°C, до сонце со 38°C. Доста веома врло добри два дена. Поминаме неколку Алпски превои меѓу кои и нај извиканиот Стелвио. Превојот е ОК, и да не е највисокиот асфалтиран превој на Алпите ќе биде како многу други, Алпски превој. Но поради затоа шо секој патник, било да е на моторцикал, било да е на бицикал, или било какво возило, се труди да на социјалните мрежи барем еднаш се слика на Стелвио, не само шо е познат туку и е и толку посетен шо прави и да не е толку атрактивен и екслузивен. Еве јас, т.е. ние, не се сликаме до таблата Стелвио… За мене на тоа патување други два превои ми оставија убав впечаток, Умбраил и Сплуеген. И останаа уште неколку не извозени, за следниот пат 😊.
А тоа со социјалните мрежи и притисокот нивен е интересна работа. Јас кога ќе размислам по дибоко, и кога ќе се вратам во детството и младоста и кога ќе почниме да расправаме за тоа дали у Југославија и за време на Тито по арно се живеело, јас може да кажам дека сум бил среќен човек у тоа време, а сега тури и ми е криво шо од социјализам поминаме на социјални мрежи. Во тоа време без фацебук, јутубе, тик-ток и други илузии. Ни сме биле супер бе! Ние немаме притисок да правиме глупости шо ги прават другите или да ги подобриме тие глупости. Ни сами си измислуваме глупости. Без притисок и без очекувања да некој ни стисне лике или срце.
Ништо, ако успеам да го објавам вие денови ќе биде арно, ако не кога ќе му дојде редот, оти мене приоритет ми се видеата на јутубето, они ми го трошат времето…