Септембар, последниот летен месец или првиот есенски, зависи по шо го рачунаме. и како што он не е дефиниран или различно дефиниран, така и ни воа родените у тиа месец сме чудни специи.
Традиционално дел од годишниот одмор се ужива во време на Тиквешкиот гроздобер. Доаѓаме за Гроздоберот секоја година на ново со истата надеж дека кога и да е Гроздоберот ќе светне во гланцот на Гроздоберот од минатиот век. Кога гроздоберот беше Гроздобер и кога сите активности тие денови се вртеа околу грозјето, виното ракијата и лозарите. Да, денешно време Гроздоберот забегува во правец на не дефинирана собранија на ефтини скари, прескапи вина, и истрошени певаљки од северот на Северна Македонија.
Да, веќе никој нема да поканувам да дојде и да го посети Гроздоберот, (ме утепа туѓ срам). Да имаше некој си карневал, ама допирни точки на карневалот со грозјето? виното? ракијата? Се рекламира како стопанско, туристичка и културна манифестација. А која култура, култура на кафаните од времето на “Три багрема“. Арно, испиме по некоја срча вино, послушаме некои певачи од Македонија и од околината и помина Гроздоберот… Гроздоберот помина ама епската прикаска со грозјето, цената и откупот остана и трае… А тоа веќе не ни пробувам да го разберам, како е можно да со години цената, количината и термините се договараат кога грозјето на лозата чека да се откине. И како со години има човеци кои упорно произведуваат грозје за кое не знаат што да прават со него и kако со години се принудуваат винариите да го откупат грозјето???
Прославување, 35 години од Македонија, нај пресната. Не Античка, не турска , не комунистичка, Македонија, самостална и независна. Шетам, патувам низ таа Македонија и си се чудам на кое дереџе а донеле. Од некогаш хранител на пола Југославија се претворила во расадник на трње и троска. Земјоделците поништени повеќе од колку во турско. Покушаите да се направи нешто ново функционираат ама самo дури да се направи, после со брзина на светлината се “прилагодува“ на запуштената околина. Сообраќајни знаци поставувани од полуписмени “експерти“. Ѓубришта покрај патиштата како нова декорација на туризмот. Резултат на културата која на новите генерации им ја всадија токму тиа безр’бетни суштества без култура и без трошка здрав разум.
И уште, триесет и кусур години верглање у место “кога ќе влзиме у европа сѐ ќе биде по арно“!!! Со таа изјава, и цел – Европа триесет и кусур години се врши искористување и затупување на народот. Они цврсто го “трасираат“ патот кон Европа, ама узпат жнеат и лево и десно по квалитетно од било кој комбајн на ваа денешница.