Страни посветени
на легендарниот
BMW R 80 G/S

 

 

r80g/s

 

Технички податоци

 

 

BMW R 80 G/S беше модел на BMW.

Беше првиот повеќе цилиндричен ендуро и првиот серииски моторцикал на BMW со монолевер.
Неговиот боксер мотор има зафатнина од 797 цм³, постигнува снага од 37 kW (50 КС) и беше превземен од BMW R 80/7.
Со тоа, при представувањето на овој модел, беше најснажното (и најтешкото) ендуро на пазарот.

BMW со овој модел се врати и на спортските писти и на релито «Париз-Дакар» освои неколку први места.

Се произведуваше од 1980 до 1987 година, и беа направени повеќе 20.000 парчиња. Негови потомци беа R 80 GS и R 100 GS со паралевел, а моделот R 65 G/S со 20 kW (27 КС), се произведуваше до 1992 година.



Мотор

• Четворотактен двоцилиндричен боксер со воздушно ладење
• Пречник на цилиндарот 84,8 мм
• Од на клипот 70,6 мм
• зафатнина 797,5 цм³
• снага50 КС (37 kW)
• максималната снага на 6500 в/мин
• максимален обртен момен 59 Nm
• компресија 8,2 : 1
• по 2 вентили на цилиндар, висечки
• вентилите управувани од подизачи преку клацкалици
• два карбуратори
• подмачкување на моторот со мокро корито

 

Пренос

• сув куплунг со една плоча
• 5 брзини
• однос на пренос 4,4 / 2,86 / 2,07 / 1,67 / 1,50 :1
• однос на преносот на задното тркало 1 : 3,364

 

Електрика

• безконтактно елоектронско палење (Bosch)
• алтернатор Bosch 280 W
• анласер Bosch 0,7 kW
• свеќички Bosch W 7 DC / Beru 14 - 7 DU / Champion N 9 YC / NGK BP6ES

 

Рам

• двоен цеваст рам, приштрафен заден дел
• напред телескопска хидраулична виљушка
• назад BMW монолевер
• од на амортизерите / назад 200 мм / напред 170 мм
• иглеста фелга напред 1,85 x 21
• иглеста фелга назад 2,50 x 18
• гума напред 3,00-21 R
• гума назад 4,00-18 R
• предна диск кочница, диск Ø 260 мм
• кочница назад Ø 200 мм

 

Димензии

• должина 2230 мм
• ширина 820 мм
• висина 1150 мм
• осовинско растојание 1465 мм
• теренскависина 218 мм
• резервоар за гориво 19,5 л
• тежина, со полн резервоар 192 кг
• дозволена максимална теќина 398 кг
• потрошувачка 7,6 л/100 км
• забрзување 0 - 100 км/ч 6,6 сек
• Максимална брзина 159/170 км/ч (седечки / лежечки)

 
.