ime

  

01.01.2014

     

 

 

26. декември 2013

Традиционално! секој месец на 26-ти, иде ред да напишам по некој збор, како и шо ми се случило во минатите денови – недели.
Денес, 26-ти декемвири – четврток, втор ден како сум слободен и си седам дома. Бидејќи тука, во централна, традиционална и католичка Швајцарија се прославува Божиќ (барем сега за сега).
И така гледам дека и оваа година 2013-та си заминува полека, со сета своја радост и понос како и со суровост и тага...

Urmiberg

повеќе »»»


ноември 2013

26.11.2013

И уште еднаш повеќе, зимата не изненади!!!

Почна зимото, не дека не најавено и не очекувано, ама почна стварно озбилно. За еден ден наврна 20 цм снег, темпаратурите се спуштија под нулата - и ај со среќа нека е зимата.
Обично и минатите години знаеше да заврне снег во октомври или ноември, ама за ден-два и ќе се растопеше. Овој пат - јок. Заврна и си остана. Почна нашата најсакана игра, тргни 5 кубика снег, да товариш кубик песок. И така ќе си биде до ...

Ама искуството и годините го прават своето. Не не нервира веќе ништо. Ниту тоа што од мрак до мрак си на работа, ниту тоа што кога ќе се вратиш дома од работа (во темно) мислиш дека поминал денот, па се растегаш пред телевизорот каа пензионер, ниту тоа што стварно немаш ништо од денот, ако е работен ден. Но човек се уче да се радува на позитивните работи кои му се случуваат. Приморани да седиме дома, поминуваме повеќе време со домашните, се одмараш и си уживаш.

Зимо 2013

Така пред некоја недела направив едно самоиспитување. Се одтргнав од интернетот за една недела. Планирано беше 10 - 15 денови, ама човек ќе свате (касно) дека ако “се фаниш на орото, нема испуштање“. Не дека е невозможно да се исклучиш од интернетот, ама поготово во овие зимски, тмурни, влажни и ладни денови стварно човек нема шо да работе друго. Телевизијата уште поглупава е од интернетот, а книги - не е тоа моја занимација, не сум ногу по читањето. Не дека не сакам да читам и дека не сум пробал да читам. Ама најкасно на третата страна веќе спијам.
Така да стварно утврдив дека интернетот ми е најинтересно место за информирање и комуникација.
А стварно нема ништо пубаво, во сабота сабајле, кога ќе си станиш сабајле си направиш кафе и ги прегледаш сите весници на итернетот шо те интересираат.
И тогаш таму (во интернетот) ќе одкриеш чуда и чудеса!!! Каде на друго место можам да прочитам дека у Македонијата премерот со цела своја свита ќе тргне да отворе - даде на употреба, пат кој е 100 години во употреба. А да, демек сега го реновирале - ги потполниле дупките! (струмичани би рекле: “грехче“!)
Со години шминкање и мачкање. Има периоди кога мислиш: па да, каков народ такви политичари. Ама има и паметни човеци у таа Македонска земја »»»
а мене сега најногу ме нервира шо вакви човеци никој не ги слуша.

 


октомври 2013

26.10.2013
Несреќно го изгубивме натпреварот против ...
Судиите не беа наклоти на наша страна ...
Убаво одеме, ама космичките сили не закочија ...
абе да сме некоја Македонска репрезентација или некој Македонски клуб, за сите неуспеси ќе ја баравме вината во положбата на планетите.
А вака, може само да се каже: се прерачунавме(или по кавадаречки: здраво се заебаме).
Сабота, прекрасен есенски ден, слободни. На план прошетка во природа. И бидејќи има цел ден на располагање, нема планирано други активности, ајде така подолга прошетка да направиме. А за да не одиме далеку, одма тука у селскиот атар ќе ја направиме. Гледаме карта, кругче не така ногу долго. Слободна проценка, 3 - 4 саати пешачење. Сендвичите спремни, водичка наполниме и патот под нози.
Првите 4 км ги поминаме без проблеми, одевме по улиците на селата, Артх, Оберартх и Голдау. И после... прошетката премина во планинарење. Тоа кругчето на картата испадна дека освен лево и десно има и нагоре и нагоре и нагоре, па малку надолу.

esen 2013

И така уживајќи во есенската убавина на природата се качувавме се повисоко и повисоко на Россберг. После саат време и првата пауза и моменти на право опуштање и уживање во природата која како да сакаше сета убавина наеднаш да ја покаже.

Како помунваа саатите и километрите ни стана јасно дека сме се прерачунале со планот. Па така “наапани“ одлучиме да си одиме дома!!! Проблемот беше само шо домата не ни беше така блиску :)
Но погледот од “Бигштајн“ направи да заборавиме на потењето за да стигниме до таму. Така одморени и повторно мотивирани почнавме со спуштање кон Артх, и ако само некои 600 - 700 висински метри требаше да се спуштиме, ни зе виде дека поминаме 400 километри :)
Но и таа а поминаме. Па стигнати во “полето“ на Артх, одма кај првиот фармер кој продава сок од јаболки и сладоледи. Си купиме сокче (и пола одма го испиме) а исто така и сладолед кој го уживаме одејќи повторно по “цврст пат“.
Тука повторно ми стана јасна, наа на дедо Мане: «Сам човек шо ќе си направи, никој не му направува».
Нозите укочени, стопалата “запалени“ ама вечерта кога си го вратиме филмот и кога ги видоме фотографиите - задоволни и ако болните нози не сакаа ни до кујната по кафе да одат...

esen 2013

Неделата ни беше планирана за панаѓурот во селото, на кој и Кошаркарскиот клуб имаше тезга. Па тука да помогниме. Убаво беше. И ако скоро цел ден повторно на нози - издржаме :)

фотографии од последниот викенд во октомври 2013 »»»


«СМРТ НА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ»

Пред едно повеќе од 10 години (поточно 12 г.)почнав да ја правам оваа сртана со желба на овој начин да ги информирам моите блиски за моето секојдневие...
Замислата да секој ден по нешто ново се става на страната, никогаш не беше остварено и спроведено. После почетните “искуства“ се одлучив барем секоја недела да се пишува по нешто и објавува по некоја фотографија. Ама пусти приоритети, ни тоа неможам да го постигнам... И еве сега сум среќен ако најдам барем секој месец малку време да седнам и да напишам некој збор.
Во тоа праисторииско време на интернетот, кога пред секе поврзување со интернетот беше расонуван од “милиот“ звук на аналогниот модем, човек беше и стварно среќен ако начека некоја пресна вест од своите блиски.
Денес еве седам пред клаптопот, ги пишувам овие редови, ама фацебукот уште сабајле го преверив!!! (ништо ново, на денот на востанието, никој не е станат толку рано...)
А ако сака човек нешто да разбере за Македонија и Кавадарци исто така има можност да ги посети некој од илјадниците Македонски информативни портали.

есен 2013

Да, во последно време имам чуство дека интернет порталите во Македонија се множат, како видеотеките пред едно 25 години. Крајот на 80тите години од минатиот Век, само ако некој купеше видеоплејер - ОП! комшијата одма отвара видеотека!!!
Нормално е да секоја држава/влада си има свои средства за информирање. Ајде и секоја партија нека има. Ама брату, сега секој еден кој нема работа, а има има компјутер и малку му оде она со “ctrl+c и ctrl+p" наоѓа некој спонзор да “брзо, ексклузивно, од прва рака, независно, ја известува јавноста“.

А на тие таканаречени информативни интернет портали вести и информации во изобилство. Илјадници секојдневни информации, па ти најди си ја таа шо те интересира и стварно е потребна (најди ја - ако можеш!!!)
Во Македонијата интернетот е сведен на вести од типот: “они тоа вака го направија“, “они тоа не го направија“, “овој нас не пофали“, “овој нас не подржува“ (ако некој стварно не подржува, тоа да го праве барем за јајцата - барем некаква корист да имаме од нечија подршка...)
Новинарството е сведено на седење пред компјутерот, за тиа позаостанатите - стварните новинари седат у кафенето со “смартфон“, и “ctrl+c - ctrl+p"!!!
Но тоа е светската реалност. Секаде и секој те бомбардира со непотребни информации. Еве да го земам фацебукот за пример. Од 10 записи на “приатели“ 3 се некои си песни, 3 се на англииски !?!?! 2 се некои си мудрости од неписмени човеци... и ако имаш среќа ќе најдеш 2 да прочиташ или видиш стварно што се случува кај некој твој “приател“

На денешен ден, пред 72 години е дигнато најзначајното востание на Македонскиот народ. Востание и празник кое полека го туркаат во втор план, после големиот Илинден и нановото “востание“ од 8-ми септември. Воа со осми септември не требе ногу да го кудам, улицата во која израснав “29-ти Ноември“ сега била “8-ми Септември“ - абе шо не ја крстат “Новогодишна“ па да се сврше работата еднаш за секогаш... нека а таа забега муабетот.
11-ти Октомви, како настан, ако човек малку размисли треба да биде означен како најсветол ден во Македонската историја. На тој ден е почната борба со која Македнскиот народ после 19 векови (и ако не целиот Македонски народ, ама барем еден дел од него) повторно добива своја држава и колку-толку независност.

Ама тоа било порано.... сега најважно е да си имаш портал кој те подржува, и добра сметка во некоја светска банка - за недај Боже!


септември 2013

Минато свршено

Помина уште едно лето, лето Господово 2013-то. Добро де, календарски уште не, ама метереолошки и времески сигурно. Денеска, 10 септември, веќе скроз на есен изгледа, ладно, мокро и магловито.

Ќе ни останат сеќавањата на едно жешко и долго лето, жешко беше дури и во Швајцарија! Помина и мојот роденден (беме примерни, денеска без главоболки и иждригачки на работа), помина 7ми септември - празникот на Кавадарци, помина 8ми септември - државниот празник на Македонија. Помина и европското првенство за Македонската кошаркарска репрезентација...


август 2013

Пат околу светот...

После 20 години возење, еднаш до двапати годишно, на релација Македонија - Швајцарија се собраа километри да човек сигурно а обиколе целата земјина топка. Ама за жал, или за среќа јас се возев на релација централна Македонија до централна Швајцарија. Понекогаш поминувајќи преку ...

Лето 2013

повеќе »»»


08.08.2013

“МАКЕДОНИЈА ДРЕВНА“

Охрид 2013

Лето Господово 2013-то. И пак го прекршивме ветувањето од лани - да не одиме во Македонија во лето. Август, 30 или 40 степени, зависи кој го веруваш.
Повторно сме дома, во Кавадарци. големи промени од пред два месеци ниту има ниту може човек да очекува. За да отидиш до паркот, место каде колку толку може да се избегне жештината и галамата човек традиционално оди по улицата «7ми септември» - буквално по улицата бидејќи и после 20 години човеците не се научија да колите ги паркираат на друго место, туку еден од најубавите тротоари во ова место го користат како паркинг за разен вид на возила... А, да. Не се ни они толку криви. Таканаречената катна гаража која во предизборната трка тркачки ја курдисаа уште е само дупка во која моше некој не упатен да падне. А и базентот, кога тој би работел нема да одат сите во паркот, може ќе има некој шо ете сред лето и у тиа жештини би отишол да се освеже малку...

Ама во целата Поранешна Југословенска република Македонија, од бугарската па до албанската граница, иста слика. Сјај и беда. Најновите автомобили, возат по најнови дупки. Најголемите нови куќи “имаат“ пристап преку земјени патеки. Ѓубрето лета на секаде, ама најдалеку до првата грмушка. Во земја со 35% невработеност сите брзаат некаде ???

А и во Охрид. најтуристичкото место во оваа наша мала земја, ист терк. Првиот ред нашминкан, нашминкан, а “вториот ред“ како ќе му даде Господ. До најсликуваниот мотив од Македонија, Св. Јован - Канео може човек да дојде ако се издутне помеѓу паркираните возила...

Охрид 2013

 


 

07.07.2013

«Сé во свое време !?!?!?»

(со извинување за тоа шо е напишано на кавадаречки!)

Како сé повеќе “караваните си одат“ така сé повеќе им се чудам на виа старите “мудрости“ кои во основа ништо не кажуват. Сé во свое време! ваа е ептен за никаде... прво шо е тоа сé? дали мојата работа, е во тоа сé? и кога е право време? И така како шо мислеме дека овие мудрости се мудри, така им веруваме на виа белосветските ороспии на нивната грижа за Македонија. Еве само неколку “мудрости“ искажани во последнава недела:

- ЕК поддржува секаква иницијатива за решавање на прашањето за името
- Останува одлуката од Букурешт - прием во НАТО штом се реши името
- САД ги поздравуваат напорите за надминување на спорот за името
- Корлацеан: Романија сака што поскоро да ја види Македонија во ЕУ и НАТО
- Филе: Време е да направиме нешто околу името
- Кукан: Време е за компромис
- Фуере: Членството во ЕУ е единствено решение за Македонија

И така верувајќи и големјќи ги ваквите изјави на мнозинството лигавеши, Македонија со чело на Влаата на Поранешната Југословенска Република Македонија си трчка зад караванот кои ни кучињата веќе не го лаат. Лигавеши? да, иначе како ќе ги наречиш вратоврсконосачите кои скриени зад “политичката демократија“ немаат ниту лице, ниту храброст да кажат МАКЕДОНИЈА. Зошто ако се стварно некој “кур фактор“ во Светската или барем во нивната национална политика, ќе имаат храброст и срце да кажат: Македонија, ја признаваме Република Македонија.

Но радоста е на друга страна. Еве летото за вистински почнува и тука во Швајцарија, се надеваме на убави викенди и на време поминато во добро друштво, во придужба на ладно пиво и топла скара... Остареме и полека ни станува јасно дека минатото е минато и свршено, а за иднината никој нé не прашува како дда биде. Затоа ќе ја управуваме барем колку што можиме нашата иднина и ќе гледаме да не забегаме ногу со правецот оти “пливањето“ против текот на реката е тешко и дури убитачно.

Убава работа шо ми се случи овие денови е тоа што на двајца мои допри приатели им ги одбележавме роденденовите како шо доликува. Па и ако кратки средбите беа ептен убави, (и на крајот не беме пиани каа матуранти - полека и нас ни иде умот :) )

Сега се надевам дека следниот викенд пак ќе биде како минатиот, сончев и топол, па да со моторот направиме некој километар...


20.06.2013

четврток, (и ако не го смениле и тоа, денеска у Ниготно пазар е.)

 

Дневниот ритуал. Будење 05:40, на работното место пред 06:45, утринското кафе за расонување и после уште едно за уживање. Проверка на штампаните и електронските медиуми. Планирање за работниот ден. И додека сето тоа го средиш - дошло време за пауза! 09:00 Скроз расонет, наакан со информации кои во општо не ти требаат или те изнервирале уште сабајле, го пиеме третото кафе...

Рикер ни соле памет, Немиц ти кажува како да мислиш, бугарот у лице ти се смее а едвај чека да му го завртипш грбот па да ти го опаше од позади... гркот таа неговата - “... ти па капа не носиш ...“

У Кавадарци одкриен споменик на жртвите на Тиквешкото востание. Вечна им слава на борцие. Освен убавиот споменик и украсените зборови за повеќе немаше средства. Малку таа околината околу споменикот да се среде, травичка, ламбичките да ги подзалепиме ...
А бе Гого, до кога само негативното ќе го гледаш!!!

Си мислам така колку тешко детство треба човек да има, па од кога ќе стане политичар, да пробува да ги постигне своите детски соништа???
Пред некој ден сум се смеел како несалам сам пред виа клаптопот кога прочитав како пред спомениците во Скопје имало глумци облечени во антички, барокни, партизански одела и туристите можеле да се сликуваат со нив !!! Колку требе да си болен (или си ги измешале аповите) да ова го измислиш !!! Поминувачка нека има.

И така додека пробуваш да се најдиш во сета шема, осеќаш дека времето си оде а можност и сила немаш нешто да смениш. Како да им објасниш на таа толпа народ да не кука како нема ниту пари ниту живот у Македонијата, а кој после со сета своја снага се труде да им помегне на братскиот и комшискиот грчки народ во ова тешко време. Добро де тие пари се нивни ќе прават шо сакат, ама после ќе се чудиме зошто продавничките и кафенињата по градот затварат - Јорго нека има...


една сабота во месец јуни, доставување на заработката на братскиот и комшиискиот народ на Елада...

И така и понатаму, читаш Вардар Про ќе се појачал со неколку странски играчи, три-четири од украина, некој од словенија и уште... , шо беше тоа спорт???
Нели требеме да си правиме здрава спортска младина? Да им обезбедиме можност за спортување и дружење? Не бе! У денешно време важно е парата да се врте. За пари можиш да си купиш ракометари, фудбалери, градоначелници, министри, абе и претседатели можиш да си купиш.
И после ќе бидиш најјак у селото.


поглед од мојот шанк...

Дека Светот е забеган, забеган е. А јас сум си заостанат или забеган на друга страна ...
Затоа вечер после работата, ќе си се навалам на мојот најнов шанк, ќе си земам едно пиво мало и ќе гледам како караваните одат и ќе слушам како кравите ѕвонат....


10.06.2013
на работното место во Нојхајм, Цуг, Швајцарија

Си седам и си мислам. Си мислам за поминатите три-четири недели.
Да, беа интересни. Со нови сознаниа и со стари загонетки.

Бев во Македонијата, во Кавадарци. Се сретнав и се дружев со ногу човеци. Секој на свој начин задоволен од незадоволството. И поголемиот број од нив со убедување дека они самите неможат да сменат ништо на тоа што им предизвикува незадоволство

Даскалот Делчев преди 100 години рекол:
«Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите»
Пред сто и кусур години !!! А ни сиромашките Македонци до ден денешен не сме разбрале - НИШТО!
Си седам и си мислам:
- зошто нема вакви револуционери?
- зошто нема било какви револуционери?
- зошто нема Македонски патриоти?
- зошто немаме барем нешто како Ерин Брокович?
- зошто уништија еден, а создадија друг еднопартииски систем?
- зошто нема веќе доброволци, па макар и за да прошеташ или да се напииш заедно?

Се вратив во Швајцарија.
друга територија, иста болка. Доброволци - нема. Или се едни исти се борат.
Само филозофи од сортата “јас каа работев ви кај бете“ !?!?
Затоа еден убав ден (кој помина) решив да се одкажам од доброволството.
Ме изнервираа и збунија човеци кои расправале како единството на Македонците треба да се почне од дијаспората :)))

Ајде поминувачка нека има ...

 

» » » » »

 


30 мај 2013

Изложба, «Две таткови» Кавадарци, Македонија

колаж1

импресии, фотографии, видео, ... »»»


22 мај 2013
Кавадарци

Изложба, Кавадарци, 21.05.2013

Почна, во вторникот 21ви мај, пред многубројната публика беше отворена мојата прва изложба на фотографии во Македонија. Галеријата на Домот на културата «Иван Мазов - Климе» во Кавадарци беше исполнета со прекрасни луѓе, мои роднини, пријатели и љубители на уметноста.

Изложбата со пригодни говори ја отворија Боро Рудиќ, претседател на фото сојузот на Македонија, и Александар Малинков актер при домот на културата и мој драг приател. На изложбата како веќе кажано дојдоа многу мои драги луѓе на кои морам да им се извинам што немав време да со секој направам повеќе муабет, но во таа гужва бев и самиот малку “изгубен“.

Изложбата ќе биде отворена за публиката во нареднава недела, секој заинтересиран ќе има можност да ја посети и да ги погледне педесетината фотографии настанати во Македонија и во Швајцарија во последниве неколку години.

На ова место, сакам да им се заблагодарам на Марјан Тодоровски, Александар Малинков и вработените во Домот на културата. Исто така би ги поканил сите кавадарчани да ја погледнат изложбата...

 


21 мај 2013
Кавадарци

Изложба

Поминаа сите празници, и кавурски и цигански. Сега ни предстои изложбата во Кавадарци. Да, мојата прва самостојна изложба во Македонија.
На изложбата ќе имате можност да ги видете моите фотографии настанати во моите «Две татковини», Македонија и Швајцарија. Фотографиите се настанати при моите патувања, проштки, возење низ моите татковини.
Изложбата ќе се одржи во Домот на културата «Иван Мазов - Климе» во Кавадарци, отворена ќе биде во вторник, 21 мај 2013 во 20 часот


1ви мај,
ден на трудот?!?!?

Скинаме уште едно ливче на календарот за годината 2013-та. Зад нас остана месец април, кој ќе го памтиме по “тегавоста“ да ни пуште пролет.
Исто така последните недели од месецот ни беа исполнети со поместување, преместување, заобиколување на мебел по станот.


Ама и тоа помина, после големите потфати остана само уште да се средиме, да секоја ситница, ливче си го најде своето место, па да почниме да го тераме Велигден.

После толку “обеќаниот“ март, во кој секој се обеќаше, април се врати со сето свое сурово секојдневие.Лозарите и понатаму се борат за парите, ФЕНИ квалитетно си труе се околу себе. а политичарите кои до пред еден месец се кезеа на телевизиите - си легнаа во своите фотељи.

и како “кец на десетка“ ете некој си извештај од некоја си белосветска инсутитуција која стварно утврдила дека владеачката партија во Македонија ја користи својата позиција - и тоа на само месец/два пред состанокот на некои си други белосветски лигавеши.

Јас и се радувам на пролетта не дека ќе донесе кој знае шо, туку стварно чекам време да можиш како човек да се извозиш со моторот и да направиш некоја фотографија во која не преовладува гаовата боја.

Ама како и да е, месец мај почна. И тука е планиран мојот одмор и мојата прва изложба на фотографии во Кавадарци.

 


април 2013

08.04.2013

Помина месец март. Еве здраво загазени и во месецот “тревен“ ама од травата само жални ливчиња. Ја чекаме пролетта да се појаве не само календарски, туку и така вистински, со сонце и некој степен повеќе. Си чекаме. Тука неможиме (уште неможиме) да направиме нешто. Но дали би направиле нешто кога би и можеле???

пролет ???

Македонскиот народ во последниве недели имаше можност да го изрази своето мислење за безкрајните чекања на шалтерите, за коруптираното и нехуманото здраство, за рамнодушноста на властите спрема фирмите кои безскурполозно го труат народот и општеството, за дубарите на таканаречените винарии, за шерифувањето на некои си чиновници, за ...

Ама повторно, “чути, има и полошо“ победи. Дека полошо има, има. Ама зошто не пробаме да направиме поубаво нешто???
Затоа денеска, во ова таканаречено пролетно предпладне, со температура од некои си срамешливи 5 степени, со магла која ја притиска и главата и психата, ќе се тешам со тоа “чути, има и полошо“. А да, и си чекам да дојде нешто поарно.
И чекам да се маане ова магловито време, ако ништо друго, барем со моторката да се извозиме...


март 2013

11.03.2013, Arth

Базел 2013

И помина, првата поозбилна самостална изложба на мои фотографии.
Посетителите кои беа на отварањето, а и оние кои ја посетија во викендите кога беше отворена, ми дадоа уште повеќе мотивација да и понатаму не шетам без мојата фото камера.
И покрај тоа што не се продади ниту една фотографија, сум многу побогат за многу работи... богат за искуства, приатели и критики. Во секој случај побогат за желба да следната ја направам подобро.


Февруари 2013

28.02.2013, Basel, BS

И, бидна. Мојата таканаречена прва самостална фотоизложба почна.
Со пригоден говор Г-динот Карл Фогеле, некогашен редактор на «Кооп цајтунг», ја отвори изложбата и неколкуте десетици посетители имаа можност да ги прегледаат моите и делата на Дарко.

Отварање на изложбата

Покрај интересните фотографии и слики, имаше и Македонско вино и мала закуска.
И како што доликува на прва изложба, имаше и мали пропусти. Но тоа е само дел од процесот на “учење на занаетот“. Затоа следната ќе биде подобра...

За заинтересираните, изложбата е отворена следните два викенда:
во саботите 02. и 09. март 2013 од 14-19 часот
и неделите 03. и 10. март 2013 од 14-18 часот

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

23.02.2013
Ете... ги наместиме сликите. Па кој милува нека повеле (во четврток, 28.02.)
после повеќедневните домашни припреми, денес ја товариме колата и правец - Базел.
Снегот кој одвреме - навреме го забелуваше патот не не исплаши да навреме стигниме во Базел и после краткиот одмор од патот, кафе, водичка, некоја кифличка се фаниме на работа да го организираме изложбениот простор.
Изложбата ќе биде во “малиот уметнички простор - transart" во Базел
transart, Stöberstrasse 40, 4055 Basel, www.transart.ch

Изложба Базел 01

Отварање на изложбата:
28.02.2013 во 18 часот.

Потоа изложбата е отворена за посетителите:
во саботите 02. и 09. март 2013 од 14-19 часот
и неделите 03. и 10. март 2013 од 14-18 часот

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

02.02.2013
Просторот резервиран, фотографиите испеглани, поканите се спремаат, значи се тече по план и програма.
Во четврток, 28 февруари 2013 во 18 часот по средно европско време во Базел ќе ја отвориме изложбата со мои фотографии. На заедничката изложба покрај мене (или јас покрај него) ќе изложи свои цртежи и мојот драг приател Дарко Вулиќ.
И додека јас изложувам фотогрфии од пејсажи кои сум ги доживеал на моите возења со моторот, Дарко како вистински уметник ги покажува своите дела кои настануваат при долг процес на “идејно решение“. Како прво он прави форми од метал, дрво, стиропор и други материјали, ги “компонира“ во природата да потоа направи фотографии од целокупната композиција (www.morph-a-morph.ch). И како најново, потоа тие фотографии ги користи како инспирација за сликите кои се изработени во уљена техника.

Во секој случај ќе има интересни дела како цртежи, така и фотографии. Секој заинтересиран може да ја посети изложбата во Базел.

Отварање на изложбата:
28.02.2013 во 18 часот.

Потоа изложбата е отворена за посетителите:
во саботите 02. и 09. март 2013 од 14-19 часот
и неделите 03. и 10. март 2013 од 14-18 часот

 


јануари 2013

Еве за озбилно загазиме во новата 2013та година.
И како шо доликува повторно снег и ладничко, па нели зимо е.
Некои реботи се променија а некои немат мака од новата година.
Важно по некоја лепенка и така нешто не подсеќат дека кога-тогаш ќе дојдат деновите кога со моторот ќе ушиваме по патиштата... А до тогаш седите на топло и планирајте и сонувајте шо и како ќе биде...

некои јануарски мисли »»»

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

 

Oberwil, ZG

Почна и најновата 2013-та година. Срамота е уште сега да ја кудиме, ама освен нови надежи, друго ништо ново не донеси, барем до сега. Но има уште 350 и кусур денови да се поправе.
Вестите на безбројните информативни Македонски интернет портали се како бледа копија на веќе неколку стотици пати прочитаните, де некој не фале, де некој не подржува, де некој памет ни соле, а на крајот виа нашите си го прчат како сакат.

Но сепак ќе се надеваме на здравје и радост во фамилијата и блискиот круг, па да среќно ја поминиме и оваа година.

 

kavadarci.info

makedonium.ch

proekt 20xx

r 80 g/s

msn

 

Сите фотографии и
содржини на овие
страници се во
моја сопственост.
Секое неовластено
и непријателско
користење на
истите е со клетва
заштитено ! ! !

ristovski.ch ©2013