прашувања…

 

 

 

  • Какво расипано детство имале ниа човечиња шо ноќе на пет метри пред да се размините со возилата ги уклучуваат долгите светла?
  • Дали во сите големи коли кои ти се лепат на метар зад тебе човечињата имат мали цоциња?
  • Дали некогаш, после 1000 години, кога ѓермаците ќе ги снема, французите ќе го имат правото на користење на името Германија или тоа ќе биде право на турците кои живееле и ќе живеат на таа територија во 64 генерација ???
    (а да, и Хитлер дали ќе биде француски воин?)
  • Дали зимно време кога е сончево и топло, е “невреме“ ???
  • Ако у Македонијата се уведе двојазичност, дали ќе треба да се препеат сите песни на албански или само 20% од песните или 20% од секоја песна???
  • Кој кого прашал дали сака у НАТО?
  • Кој кого прашал дали сака у ЕУ?
  • Кој мисле или се надева дека ако Македонија е во НАТО на народот во Македонија ќе му биде поубаво?
  • Кој мисле или се надева дека ако Македонија е во ЕУ на народот во Македонија ќе му биде поубаво?
  • Зошто некој се расправа за нешто шо има?
  • Зошто ако човекот е интелегентно суштество се уништува сам?