Реализирање на реалноста.

Веќе неколку години живеам и работам во Швајцарската Конфедерација. И ако една од по демократските држави у сржта си е капиталистичко-шмукачки систем. Не, далеку од тоа да се жалам или ја напаѓам, та ако не ми е убаво туа,
… На пат далечни ја ќе се стегнам,
и в други стрни ќе си побегнам,
каде сенцето светло угревјат,
каде небото ѕвезди посевјат.

Ама ете после неколку години работа во една фирма каде изградив почит и “трет дом“, по замисла на други дојдов на дереџе на педесет и кусур години да барам “нова работа“. И тука ја осетив СЕТА суровост на капитализмот. Среќавав лица кои “скриени“ зад параграфите и стандардите, бетер од компјутер си ја тераат работата, без ни малку човечност, без чувства и шо е нај трагично без логика и здрав човечки разум.

Деновиве ме оптоварува една случка од пред два месеци, сега малку ја по растумачив сета ситуација. Барајќи работа допрев до една фирма која се испостави како “ОЗТ“ на фирма која управува со хотели по Швајцарија и Европа. За нивната потреби како техничка служба во регионот Луцерн бараа работник за кој јас се осеќав способен, па отидов да се претставам. Разговорот со “шефот“ беше пријателски и стручен. Ми дади надеж. После неколку денови добив негативен одговор. Нормално, прибидејќе бев во фаза на барање работа, учтиво го замолив дотичниот да ми каже ЗОШТО не ја добив работата. Одговорот беше краток, сум бил скап, т.е. сум барал многу висока плата, нашле особа која одговарала повеќе на “нивните потреби“. Ништо, го штиклирав и продолжив да си барам работа.  И најдов. Во фирма на која газдата покрај таа има уште неколку фирми и доста недвижности, и кој покрај сето тоа не се срами да сам ги засука ракавите и на работникот му покажи како да ја заврши работата.

И така сега средувајќи документи допрев до досието со кое кандидирав во техничката служба на хотелот. И си викам да видам што “нуди“ тој хотел. И гледам хотелот за кој требаше јас да работам како електричар, и им бев СКАП работник, со три ноќевање на ЕДЕН гостин ќе ја наплатат мојата МЕСЕЧНА плата и плус ќе му останеше за седмодневен одмор во Турција.
ДА сега и после овие размислување го разбирам капитализмот за уште една лекција повеќе.

Па затоа, ете ќе гледам да си ја задржам таа работа што сега ја имам и ногу да не се мислам, оти секаде има по нешто со шо те однадуат… А и лето иде, па возењето со моторите белки ќе прави некој баланс со сета ваа новонастаната ситуација. И ако продолже така, како шо почна со возењето во маРт, плодна година ќе биде. Март месец, 2024, ќе ми остане во сеќавања по тоа што како никогаш до сега не сум изнавозувал со моторот километри. Повеќето од нив беа фантастични, ама скоро секое возење беше “полиено“ со некоја капка или две дожд. И вчерашното возење при крајот беше попратено со тмурно време и јаки ветрови. Ама дожд не заврна. Сета таа тмурна/жална позадина беше резултат на прашината кои јаките ветрови ни ја донеле дури од Сахара!!!