Светлина покрај темнината

Прекрасниот пролетен ден секако треба да се искористи. Цел на денешната посета клисурата на Рајна, поточно Виамала. Одамна планирано и нанишането, ама никако да се одлучиме да изодиме до таму. Ама денеска да. Отидоме. Директално. Во најтесното, каде реката Рајна со милиони години течела, направила расцепок кој денешните генерации малку го средиле, некоја патека, некоја терасичка, ногу скали и оп, каса и влез. Никогаш не сум бил против да се плати нешто колку што вреди. А тука си ги вредеше парите. И ако не толку големо колку клисурата Тамина и не толку долго колку клисурата Ааре, ама на свој начин спектакуларно. И при бидејќи затоа што некако малце ни дојде, ајде на приватно по реката нагоре, по патеките за пешачење. Нормално со нас и мојот верен следбеник старата добра фотокамера.

Мојата фотографска инспирација ја предизвика еден поток кој во вид на водопад поминуваше под мостот. Вадам камерата, фотографирам, шо да видам мала катастрофа од фотографија. Ги растискав тиа копчињата, смени воа, смени ноа, заврти вака, заврти нака. Ц. Не бива. Па да. Не рекле старите мајстори на фотографија, “на пладне, фотографот има слободно!“ Добро, у денешно време HDR и photoshop помагат ама, не е тоа тоа. И пак ќе дојдам на моето тврдење, и ако човечкото око не е нај моќната оптичка направија, и ако човечкиот мозок одамна е претицан од компјутерите, заедно, окото и мозокот човечки се не надминлива направија.

И затоа секогаш, колку и да фотографирам и гледам по слики и монитори, нај убаво ми е кога во живо и со свои очи го видам убавото од овој Свет.