Прикаската со фотографијата…

 

Почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Улиците и патиштата на Швајцарската Конфедерација почнаа да ги газат дветркални моторизирани возила од типот на HONDA CBR, SUZUKI GSX, KAWASAKI ZZR, YAMAHA FZR, па моторчињата од типот HONDA CB, SUZUKI GS, KAWASAKI GPz, YAMAHA FZ кои веќе беа во години се продаваа за неколку стотици франкови или се “поклонуваа“ за гајба пиво или еден ручек или вечера. Купувачите беа ретки. Секој шо возеше мотор можеше да си дозволи и купи нов, старите беа повеќе терет. Во тоа време немаше ногу возачи на моторизирани возила на две тркала. А да и тиа што беа возеа од љубов и убедување. А да и немаше толку многу сообраќај, а и ридските патишта и Алпските превои не беа со квалитет на тркачка стаза. Сето тоа резултираше да моторџиите беа пазени и почитувани од другите учесници во сообраќајот.

У денешно време, поточно со појавата на короната и забраните кои ги имаше у тоа време многу народ го откри моторциклот како средство за бегање од секојдневието и терапија од изолацијата. Нормално Швајцарија е една од побогатите земји на овој Свет, куповната моќ е на завидно ниво. После првата година од “изолација“ не се гледаше крајот на тоа зло. Продавниците за моторцикли не можеа да ја задоволат побарувачката, пазарот на половни моторцикли процвета, се бараа и плаќаа не нормални цени.

Сето тоа направи да денес (баш денеска не, врне снег, ама последната недела при нај убаво пролетно време) безброј моторциклисти меѓу кои и многу хоби-тркачи ги нападнат сите патишта и улици по Швајцарската конфедерација. Да и јас бев еден од тие, само како и никогаш до сега не во улога на “тркач“. Моето користење на моторциклот се сведува на тоа да ме однесе од  А до Б и обично и А-то и Б-то се дома. Попатно секако му е обврска да ме однесе на убави места и како секој послушен сопатник застане каде имам потреба или нагон да направам фотографија.

При тоа возење исто така ми дојде нагон, ама не за фотографирање, повеќе од физиолошка страна. Како секој искусен моторциклист најдов убав паркинг плац во една мала шумичка на кој имаше и “наметрено“ неколку кубика исечени дрва – идеално. Додека се извршуваше излеснување, слушав како по патот поминуваат моторциклисти во стилот на Валентино Роси. Секоја кривина се маркираше со пукање од ауспусите да ни секунда подоцна го слушнеш раздорниот звук на истите. Враќајќи се накај моторот во око ми падна интересниот “тунелски поглед“ кон Хемберг (груба проценка, куќите од Хемберк се на едно 2-3 км од местото каде фотографирам), одма ја зедов камерата и барав место како да ја направам фотографијата а при тоа да не бидам собран од следбениците на Валентино. И тогаш се случи чудо. Така наместен за фотографирање и во исчекуваше да патот биде празен од возила, СИТЕ моторциклисти поминуваа полека и со тивок звук!!! Дури сето тоа кога заврши, јас направив фотографија, се качив на моторот и заминав од тоа место, ми текна дека децата не возеа полека заради тоа да ме пазат, туку грехчиња едни сигурно мислеле дека сум некој полицаец со радар во раката!!! 😊

» видео