ој Коледе, Коледе….

Да “среќна Нова година“.
И сега во најновата, најсреќната, најбериќетната година редно е да си посакаме сѐ најубаво и најногу здравје и успех.
Ама од друга страна, зар тоа не го направиме лани?
И ај сеа да се преслушаме дали се оствари тоа ???
Помина една година (2016) како илајдници други.  За мене година со ногу, ногу убави моменти и една година, прва, трагична, во која загубив еден од најмилите човеци, татко ми.   Да лесно е да се каже ќе се сеќаваме на убавите моменти, ама празнината???


Ама ајде, ќе се надеваме и колку што може ќе работиме да оваа година биде подобра. Ќе работиме и ќе се надеваме дека кога тогаш ќе ја сватиме суштината на животот и нема да се возбудуваме и вознимеруваме кога ќе видиме како се тркалат не логични работи од типот, “ве фанаме на лагата, ама шибај бе – најдобар си“!
Да додека во Македонија се одбраа пак тие човеци да ја водат државата за кои колку толку имаше (и има) сумња дека не работат најчесно, во Швајцаријата повторно (по којзнае кој пат) Фолксваген (VW) е најпродавана марка на автомобили и покрај тоа шо е и докажано дека лажеле при продажбата 🙁
Значи и во новата година, тиа шо најубаво знаат да се “спакуват“ најубаво ќе се “продадат“.
И не помина ни една недела, а ете ги молбите за помош за болните, неправедно осиромаштените, за …
Добро бе човеци зошто ми правите да имам лошо чуство. Да се чуствувам како “без душа“?
Ама од друга страна, како да го мотивират човек да даде пари кога гледаш како се трошат пари. Македонија, цела година се спремат избори. Се делат дневници и на тиа шо работат и на тиа шо не знаат ни каде е собранието.
Светот, за Роналдо (демек најдобар фудбалер) кинезите сакале да дадат и 300’000’000 евра (или долари), ЧОВЕЦИИ! Со просечна плата во Швајцарија за тиа пари човек треба да работе 5’148 години!
И уште колку такви примери да се кажат…
Друга работа, најмодерна. Од сите страни апели да не се “трошат“ пари по забави, да не се горат дрва за Коледица, да не се пеат пагански песни пред Бадник, абе ти да видиш еден свесен Народ!!!
Само да не се ниа сликичките на фацебукот од скијачките центри, од европските градови, од делењето на признаници, од доделување на благодарници, …
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

п.с. покрај сите апели за нерасипништво, за време на Новогодишните празници се прошетаме до поблиското странство. И таму шо ќе видиш, моонополи, монополи … не бе, цркви! Секое поголемо село по Европа има по којзнае колку цркви. Изградени во време кога можеби некои немале ни шо да јадат… Дали тоа било мерка на тоа, колку кој град/село бил богат или колку биле исподелени човеците. Се надевам дека еден ден (ако не се растопе морската пења) исто така човеци од странство ќе идат у Скопјето и ќе ни се чудат на таквоата.