Prossima fermata Bellinzona

А времето оде, да не речам лета. А исправно ќе биде ако речам и не газе.
Ете веќе четврта недела во новата фирма и некако уште не можам да се “ослободам“, уште некоја несигурност, дури некако не стварно ми личе сето тоа. Плус, неорганизираност со “слободното“ време, чекам нешто. За среќа последниот викенд се организираме со Захорец па направиме едно убаво дружење, прошетка и стотина фотографии.
А еве и пролет иде, барем по алергијата го осеќам тоа. Ќе треба моторките да се развозат, ама заради поради тоа шо се паркирани во гаража на суво, а која не ми е при рака (нога) некако не спремни ми изгледат. До душа едниот е спремен во секое време да го забрчам и возам, другиот си е исто така спремен, до душа ќе треба петнаесет минути за да го стартуваме, акумулаторот да се монтира, АМА некако заради поради тоа шо не ги гледам секој ден и немам “контакт“ со нив, некако ми поминуваат убавите денови за возење не приметно. АМА се тешам со тоа шо цела година е пред нас, а уште ги вртиме месеците со “Р“.

А ете, и со воз да патуваш (барем по Швајцаријата) е убаво. После толку време пак со воз на прошетка, добро де, виа до Риги не ги рачунаме, тоа си е доживување секој пат на ново, за нас неколку години, за Железниците Риги веќе преку 150 години. Ама пак доживување за мене, на парадната линија Артх-Голдау до Белинцона, Готхард линијата. И значи ноа шо викаме “вожња ѓоа у авион“ не важи. Возењето со воз на линијата Артх-Голдау до Белинцона е неколку пати по комфорно од колку во авион (лафам за авионите кои летаат на кратки линии, на пример Базел – Скопје и кои се наполнети со човеци каа конзерва со риба). А плус што Захорец, долгогодишен корисник на јавниот превоз го разбира возниот ред, милина да патуваш, со возови, автобуси до нај “забаталените“ села по Швајцаријата. Опција (годишна карта за јавен превоз) која и ако уште далеку се пензионерските денови, вреди да се размисли, сериозно.

А таму, по тиа села, има човек шо да виде. Во некои од нив уште не е толку развиен “туризмот“ па тие стари традиционални градби кои се чуваат и се градат нови по стар терк, едноставно човеците си живеат нормално. А и новото е толку убаво склопено со старото човек да помисли дали виа човеци нафта пијат???

И ете, прошетаме еден ден во еден дел од кантонот Тичино и ОП убави маркици за возење сос моторката кога ќе го отворат превојот Готхард (а може да се истрчиме и преку тунел по рано)

И да. Воа не врзано пишување е повеќе лична терапија од колку литературно достигнување…

 

»»» photos