Одморска омраза

Мразам, ги мразам патувањата. Не само заради тоа шо додека се невикниш на перницата, пак ќе се вратиш дома, туку и за тоа шо човек се сретнуе со реалноста. А она сурова.
Еве последеното шетање не однеси во Маурах, Тирол, Австрија. Не дека нешто посебно се заинтересираме за тој регион, едноставно понудата беше “на место“.

Отидоме таму, без големи припреми и предзнања за регионот (дури од каа резервисаме, ми текна дека тоа е планините – езерото е езеро ама на високо!). Нормално патуваш по автопат, а последните 10 – 15 километри по регионален пат кој совладува едно 500 метри висинска разлика.
Стигнаме и се сместиме во прекрасниот хотел со поглед на езерото. Го гледаш езерото и забележуваш само една “рекичка“ од него, а после кога видоме дека и таа река се влива во езерото работата ни стана не јасна… езерото само се полне, нема река шо го “празне езерото. А езерото т.е. нивото на езерото едно 2 -3 метри под трагите од полно кога било.
На шетањето до езерото сретнаме и еден воз со два вагони и парна локомотива кој упорно повеќе од 100 години возе туристи од долината до езерото горе…
Прва вечер на вечера у ресторантот од хотелот. Домаќините салам вечера спремиле – се прејадоме 🙂
И тогаш на ѕидот забележувам фотографија од БРОД во езерото. И тоа од преди 100 години. И пак почнаа мислите, езерото сеа природно ли е или вештачко? и шо правеле со вуукави бродеви (два на фотографијата) уште пред 100 години у ваа “скрка“???
И така за време на нашиот престој сретнуваме супер модерни хотели и ептен стари објекти и сето тоа во хармонија со прекрасната природа.
И разбраме.
Езерото било природно. Ама уште пред 100 и кусур години му ја “запушиле“ реката шо излевала од него и направиле цевка за хидроцентрала која од тогаш до ден денешен работе. Затоа нивото на водата варира и до 5 метри (не морам да кажам дека и покрај тоа сѐ функционира,од пристаништа, до плажи).
Бродовите од пред сто години (тиа не возат веќе, има нови) биле наменти исклучиво за превоз на туристи!!! (лафиме за крајот на 19 век!)
На скоро сите ридчики околу езерото има скијачки писти (сега веќе беше растопен снегот)
И од камењата на истите тие ридови се добива “камено масло“, а во регионот работе единствената дистелерија за добивање на масло од камења во Европа.
Од селата на обалата на езерото потекнува една најпознатите песни на Светот, “Тивка ноќ, света ноќ…“
И уште шо не разбраме….
И при секое ново сознание, го правиш ноа неминовното споредување со нашата сакана Македонија… и тоа те “утепува“. Па шо народ било и е у тоа парче земја наречено Македонија да малку не се заинтересира за сопственото место на кое вегитира? Со генерации ни вбризгуваат некој лажен (не доречен) понос, патриотизам, или како да го кажиш? а човеците не само шо веќе измислиле топла вода, туку измислиле и пареа!!!
Не, не дека виа имат ногу повеќе шо да покажат или дека се ногу попаметни од Македонецот, ама имат една глупа особина да знаат да си го ценат и чуват своето и убаво го презентираат на светот…