пусти соништа…

Ако фотографијата шо си ја сликал не ти се допаѓа и ја “претераш“ преку фотошоп.
Ако на името во фацебукот додадиш “МАКЕДОНСКИ“.
Ако само пишуваш по “социјалните мрежи“.
Ако си лафиш на именденот кај комшијата.

Сето тоа е сон.

Човекот сака да створе (направе) убави работи. Ама со “шминкање“ на реалноста, ниту постигнуваш нешто, ниту променуваш нешто. Да. 5 -6 лајкови секако ќе собериш, па макар и од најблиските, кои ете, се увиѓајни 😉

У последно време се повќе сум револтиран од правецот во кои сме загазени.
А мерак да направам нешто некако немам. А и шо ќе има човек мерак за револуција или слично нешто. Еве Петре секојдневно ни објавува фотографии од борци за Македонцките работи. Поголемиот дел од нив не само шо се бореле туку и погинале за слобода и за идеологијата шо а имале, за Македонија.
И сеа? Шо сеа? Гледаме како една генерација на помочковци, пуфли и газолижачи а уништуват сета работа шо некои со живот ја платил.

Јас немам ниту намера да се борам за нешто нити да гинам за некој.
Мојата цел за оваа недела е да го суредам подрумот и ги средам кубиците фотографии кои со изминатите изложби се накупчија насекаде…

Интересна е таа работа со фотографиите. Ептен е убаво чуството кога ќе ја “доприш“ убавата фотографија. Ама шо после? после две – три изложби таа фотографија веќе е “истрошена“, новите чекат да бидат метеријализирани. И така после неколку години и неколку изложби се собрале неколку стотини фотографии шо собираат прашина и му го бериш гајлето да не фанат влага.

Да, следната изложба, нема да биде класична изложба. Барем некоја година веќе нема да правам фотографии во хатијна форма, се надевам, мислам…, белки…

Сега останва да чекам убаво време и време, па да го направам долго замислениот проект. Ама ќе биде, па макар и во скратена форма.