И СЕГА???

Шо праам сеа? 28 години.
28 години, 8 месеци и 20 денови сум у Швајцаријата.
У тиа 28 години секоја година најмалку еднаш сме си оделе/иделе за Македонија. Имало години и кога по 4 пати сме го тепале патот натаму наваму.
И секоја година Гого го боле стомахот пред тргнување, а за да биде убав на сликите – ќе го исприште едно убаво.
Тоа исприштувањето ми е од болест или од нервоза. Ама кога си одам за Македонија – нервоза.
И еве пак.

Колку и да не сака човек да се невира, секое идење ни е поврзано со нервози. Сме си иделе каа се распаѓаше Југославија. Сме си иделе каа а бомбардираа Србија. Све си иделе кога беа конфликтите со албнците и на Косово и Метохија и во Македонија. Сме иделе и каа беше “Диво насеље“….

На секое идење сме оделе у Македонија како у некој кризен регион. Сѐ некои закачки тепачки. Еве сега си одиме у држава која не знае како се вика. Дали ќе помине сѐ како до сега, три дена чудо и после сите штракајте по старо?

И после секоја посета сме си заминувале со надеж дека следното идење ќе биде на подобро – тикви! Не, не тврдам дека е полошо, ама 28 и кусур години исто е.
“Ќути има и полошо“ – паролата на многу човеци у тоа парче земја шо се вика МАКЕДОНИЈА. Може тука таму светнал некој тротоар или потп’ниле некоја дупка. Може има нови џиџани згради, кафани, коли… Ама човеците, човеци кои се среќни и на кои тоа им се гледа на лицето, се сѐ помалку.

И сега, за некој ден пак истото. Одиме у Македонија и ќе треба да ја најдиме рамнотежата помеѓу поделените приатели и другари кои се поделени за и против “договорот“ ќе треба да слушаме различни вистински вистини и факти.
Ако, ќе помине и ваа ујдурма, како и секоја до сега. Се надевам на убави моменти дружење и пријатни поседенки…

А тиа седенки ќе бидат се “по непосетени“ оти гледам по воа интернетот (фацебукот) тиа 25 и кусур години “независност“ и “самоопределување“ го иподелија народаот на ваши, наши, патриоти, предавници, за договор, не за договор, паметни, глупи …  не се знае на шо и на колку. АЈ НАЗДРАВЈЕ!!!