Филозовска секција…

Да. Роден сум во Југославија. Титова, наша, ваша, комунистичка, Социјалистичка Федеративна, ваква, наква, … Југославија. И да, израснав во Југославија. Дури бев и војник во Југословенската Народна Армија.

Учеме дома, у школото и на улицата како треба да се стане човек. И секој си го наоѓаше своето место. У школото учеме по некој предмет, а ако те биваше повеќе за нешто, ќе те уфрлеа во соодветната “секција“.
Да, и така израснаме и се оформиме. Секој со својата секција. Не знам дали е тоа проклетство или благослов? Јас уште “од мали нози“ бе по тиа техничко / сообраќајните секции, ‘ОТО’! И некако не ми паѓало ни на крај памет да се мешам со ниа у литературните, хемиските, спортските … или било кои други секции. Така израснаме, така сме денеска. Можеби и за тоа шо чуствував дека возењето мотор и штракањето со фотокамерата ме праве задоволен и ме исполнува, не сум ни пробал да се скијам или трчам маратон или а пуцам топката или …
А у денешно време тоа е “ОУТ“. Денеска човек треба да биде сѐ и секаде. Движен од притисокот да на социјалните мрежи се презентираш во најдобро руво, се прават работи шо не те ни личат.
Секој си го има истото право на виа Свет, да работе шо сака и за шо мисле дека го бива. Лошо е, или трагично, кога некој заради такво нешто дури и ќе погине. Еве пред неколку денови испогинаа “алпинисти“ кои запнале да се качуват на Монт Еверест. Да секој има право да се качува по ридјето на виа Свет, ама прашање е колку од нив биле у планинарската секција?
У денешно време, кога во поголемиот дел на Светот владее благосостојба, секој шо работе барем малку повеќе, може да си дозволе да се уклуче у секоја секција, ако не со спретноста, тогаш со парите …

А Светот “забегува“ полека, и ти си седиш и си мислиш: “добро бе, шо нафта виа човеци пиат, или ни трава пасиме???“ Живеиме у Свет у кој повеќе “му се радуваме“ на ниа фраерите на батерии одколку на деца кои стварно прават несекојдневни работи.
Да, Светот го “кројат“ или барем го формираат јавното мислење деца од кои поголемиот дел уште ни право не мочат, ама се нарекуваат инфлуенцери, блогери, абе шо да ти расправам!!! Грехчиња.
А оние кои со долгогодишен труд успеале да освојат признание на Светско ниво, дали во класична музика, дали во некои од природните науки, тиа никој не го “играе“ или ако имат среќа некој од милион интернет портали ќе копира некоја реченица…
Јас само се надевам дека еден ден, неколку дена да снема струја, и тогаш ќе исплива сѐ на површина и ќе се удават у заборав сите тие “фраери на батарии“.

Во недостиг на вистинска перспектива, на народот му презентираме нашминкана убавина и се фарба Светот со розова боја…
пример: “Евровизија“ некогаш институција, денеска едно големо срање за пари прање. АМА народот се пале на “резултати“ кои ги постигнуваат пеачите во име на нашата нација и ДРЖАВА!!! Нејси, поминувачка нека има.
Мене не ми е јасно, како толку иначе отрканиот народ, кој информации добива од чичко Цукерберг, не осеќа дека сето тоа е контролирано и управувано од тиа чичковците кои у секој момент не контролират со нивните “АП“. Кој, кога и колку ќе победе се знае унапред, за да доброто на сметките на некои од нарачувачите….
А ни па дури “кривицата“ за “неуспехот“ ја бараме во сопствениот народ па макар тој дел од народот дијаспора наречен да е. Во недостаток на сопствени вредности и успеси некои го уклучуваат дугмето скандал и со бедни изјави се искачуваат на врвот наречен дневни новости!!!
Интересно е шо тиа такви бедни души го креираат јавниот живот и мислење.
А бидејќи уште посиромашни се тиа шо треба сето тоа да го контролираат виа првите се чуствуваат во право!!!

Чуството на контрола секогаш ти дава и чуство на моќ. Но тоа чуство се повеќе го губиме шо повеќе им даваме значење и приоритет на “интелегентните“ телефони и сл. Помагат, интелегентните направи помагат. Убаво е кога ќе стисниш дугме и знаиш дали нешто и шо фале.
Ама чуството на моќ, кога со десетка клуч и штрафцигер на било кој пракинг ќе го наштелуваш моторот да “преде“ ѓоа ваквоа – тоа чуство неможат уште 100 лајкови да ти го заменат. Ама тоа неможе да го направе секој, поготово ако не бил у таа секција.