Празник

Септември, 7ми, сабота.
Честит да ти е денот на ослободувањето МОЕ Кавадарци.
До душа, вакви честитки не личат да ги испраќаш по “каблови и срчки“, ама така е кога едниот од нас е во “туѓината пуста да остане“.
На сета одозгора како ногу пати до сега и ваа година се потрефува со “стопанско туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“ 2019“.
Едноставно вистински празник на градот.

Неколку пати во последниве години, после “возобнувањето“ на Гроздоберот сум беше бил у Кавадарци додека било и едното и другото. Да и ваа година имав можност да бидам. Не требеше ногу, само едно “шефе, јас ќе останам уште една недела на одмор!“
Ама не. Немам ниту сила, ниту желба да а гледам таа беда.

Јас сакам Гроздобер на кој ќе се слави грозјето и виното.
Јас сакам Гроздобер на кој лозарите ќе бидат среќни, а не во статус “борба за цена“.
Јас сакам Гроздобер на кој ќе пеат Марјан, Катерина, Наташа, … и детските хорови од СИТЕ училишта.
Јас сакам Гроздобер на кој СИТЕ кавадарчани ќе сакат да го покажат своето најдобро, а не да се радуват на певаљки од пизде материне…
Јас сакам, … да ногу сакам. Ама тоа не е утопија, тоа е едно “клик“ на тиа шо ги имат парите у џебот и го организираат “стопанско туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“. За тоа, тие  треба да излезат од тоа малограѓанстинството и се надминат самите себе, а не да се стремат нашта да биде поголема една педа од на комшијата!!!

И така, МОЕ сакано Кавадарци, еден од нас сѐ си е во “туѓината пуста да остане“.