Запцуена е !

Нова година.
01.01. – први први шо би рекле. Добро не е понеделник, ама пак прилика да се почне со нешто “ново“.
Да престаниме да пушиме (цигари), да престаниме да пииме алкохол (ѓоа матуранти), а и – да, да одиме на фитнес или да правиме повеќе спорт (да се средиме малку – ослабниме).
Такви цели не си поставив, после 15 – 20 покушаи јасно ми стана дека не можам ништо од тоа да остварам.
За тоа ама за оваа годнина си реку:
1. само 50мм
2. исклуч фацебук
времето ќе покаже дали ќе можам да се држам на овие две, само две “работички“ за ваа година.

Воа првото испадна случајно, гледајќи шо, нова камера или објектив да се набаве, по незнам кој пат дојдов до заклучок дека скоро сѐ имам на лагер. Нова камера која за нијанса ќе е подобра од сегашната, му требе ли на човек? Викам не. Јас и на виа шо ги имам уште сите “дугмиња“ не им ги знам за шо се, не па да сум ги искористил.
Објектив? Објектив кој и да го купиш секогаш ќе биде грешка, тиа другиот може ќе беше подобар…

И така одлуката падна. Лето Господово 2020-то на камерите монтирање 50 мм објективи (или еквивалентни) и штракај една година… И на времето каа почнав да фотографирам немаме по 16 објективи, беше една камера со цврст објектив и – толку.

Каа беме матуранти и каа се опиваме каа матуранти, ногу го “обожаваме“ другарот Тома Здравковиќ. Човекот пееше песни стварно или да се опииш или вените да си ги сечиш. Ни се опиваме. И у една од тиа неговите химни, имаше молба: “… затворите све кафане нек се моја душа смири …“! Тоа немаше да помогне за нас, ни знаеме и у домашни услови да се опииме.
Гледајќи ги пријателите по фацебукот ми се иде да “вриснем твоје име!“ НЕ – тоа беше друга песМа. Ми се иде да запеам да го затворат фацебукот, оти ме изеди туѓ срам!!! Ги гледам широко оклештените колеги кои на разни предновогодишни забави слават нешто и богато се гозбат за да утре дента пак се уклучат у модус: “нема туа живеачка, не бидуе држава од воа…“.
И ако у година фотографирам повеќе десетици илјади фотографии не ми текнало да се фотографирам како седам на маса со човеци и јадам… Или и ако и некој не сликал во таква ситуација, сигурно не е материјал кој треба да се сподели со цел Севет!!!
Да, се сликаме синоќа, комплетната “проширена“ фамилија. И стварно, не е за на фацебукот таа слика, на која се гледаат шест задоволни човеци и само едно тенџере на масата. Нема шанси да добииш лајкови, ако масата не е преп’на со сѐ!!!
И за тоа, и ако не го затворат фацебукот, Гого нема да се дружи со него.
Мојата енергија ќе а испуштам тука, а фотографии, ако е некој заинтересиран да гледа фотографии од мене ќе ги има. Или тука, или на foto-gogo.ch или на instagram или на fotocommunity, а на youtube-то ќе има секогаш и тоа и тоа, и фотографии и по некој клип/филм од возењата….
Среќна Нова 2020 година!!!