Непријател повеќе

Како се губе пријател или како се стекнува непријател?
Ногу едноставно. Кај некои човеци доволно е да им ја кажиш вистината или тоа шо го мислиш у очи.

Март, пети. Зимо по календар, пролет по метеоролозите. Временски, по депримирачки мислам не постои. Дожд, магли, тмурно човек сај у топла соба да си седе. АМА ЈОК!
Сепарација “СЕНН“ јас си седам у топлата соба, а еден градинар, газда на фирма за одржување на градините и дворовите во централната ни Швајцарија упорно секој саат доаѓа и зима по пола, четврт кубик некој си песок. Некаде после ручек осети дека е единствениот кој доаѓа и зема песок.
“Само професионалците на вакво време работат“ – рече он.
го погледнав и си викам, Гого ќути! Ама не биваше …
“Не пријателе, само неспособните работат на вакво време“ – реку ја.

Ме погледна он, и ме праша зошто така мислам.
Му викам, една стара Кавадаречка мудрост вика: “ »Шо можиш да сфршиш денеска, може и утре!« и ако е човек способен може да си испланира, измисли, направи, да не мора на вакво време да кисне на дождот и после три месеци да ја поправа работата шо денеска ќе ја удаве у дождот…“

Си ја зема белешката, се заврти и замина. Без поздрав, одпоздрав или некоја реакција…
Ќе видиме дали и кога ќе се врате.

(update:
дојди, ама дојди работник од дотичната фирма 🙂 )