СУПЕР … таквоа

1980 и некоја, ЕМРУЦ Киро Спанџов Брко Кавадарци, првата училница на вториот спрат. Во училницата 40 и кусур ученици од Елетро смерот. Час по “ХТЗ“. Професорот Тодо испрашува. Еден од идните Електотехничари одговара. Зборува и раскажува со минути, упорно и без прекин.

После неколку минути, професорот Тодо го прекинува ученикот. Со смирен дури поетичен тон го прашува:

  • Внуче, ти имаш ли отидено у Скопје?
    ученикот:
  • да професоре имам одено.
    професорот Тодо:
  • по новиот пат имаш ли одено?
    ученикот:
  • да професоре, и по новиот пат имам одено.
    професорот Тодо:
  • таму пред Катланово шо има?
    ученикот:
  • тунел.
    професорот Тодо:
  • каков е тиа тунел?
    ученикот:
  • д’г и прав.
    професорот Тодо:
  • а така. Може ли у тиа тунел да правиш кривини?
    учeникот:
  • ами неможе.
    и тогаш професорот Тодо поцрвени и како вулкан:
  • ами шо тогаш ми правиш кривини на прав пат?!?!? Шо те прашувам одговори! Не туку а врти работата!!!!

….
Тоа беа учители кои не уче и секогаш сака да им одговориш точно, кратко и јасно.
Тоа време – помина.
Со појавата на “демократијата“, човечките права и интернетот, нема. Нема веќе на кој да му веруваш. У денешно време ногу е битно како ќе го спакуваш ваквоата…
Еве денеска (ноќеска) пак е “Супер месечина“. Пред некоја година имаше пак такво нешто, “Супер месечина“ , ама тоа беше “крвава“ или црвена, а денеска / ноќеска била розева…. Каа беше црвена / крвава ни објаснува дека дури после 30 и кусур години пак ќе имало таква сензационелно астрономска консталација! И еве сега пак наголемо се пропагира најновата супер месечина.
И нормално у денеска супер месечината заслужува само СУПЕР маркетинг. И во хипер понуда на “фотографY“, супер месечината е супер изнафотографирана….
И после ќе речат дека фотографијата не била уметност. Не е точно. Фотографијата не само ше е уметност туку е и голема илузија, или барем бегање од секојдневието.
И така некако, моите видувања на околината и реалноста не се две различни таквоа. Секогаш сум ја сакал околината / природата таква каква што е, можеби понекогаш ја гледам од друг агол, ама реалната убавина за мене, е најубава.
И така пак денеска, ноќеска и утре сабајле фотографиите од супер месечината нема да бидат супер. Поготово не ваа година кога фотографирам само со 50 мм…
А ако ви фале екстремност, барајте по воа интернетот…