Проклети да се душманите!!!

Пред десетина години мојата сакана фирма “CANON“ исфрли на пазарот примамлива камера, EOS 7D. После само една година од кога беше на пазарот, јас се осмелив и направив чекор во “еднобројните“ камери, повторно, овој пат во дигиталниот сегмент. Бидејќи “неколку“ објективи веќе имав ја купив само камерата. Нормално у тоа време тоа се работеше преку интернет и ново етаблираните продажни портали на него. Во тоа време беа актуелни “digitec.ch“, “microspot.ch“, “hawk.ch“, “digifuchs.ch“ и уште неколку по мали…

А беше и примамливо! Отвараш интернет страната на “CANON“ и читаш официјална продажна цена 1’899.- CHF
Отвараш порталот кои ги споредува продажните понуди и гледаш како продавачите се “тепат“ со интернет понудите. Цени од 1’250 до преку 2’000 франака…
Јас не ја купив од најефтините понудувачи “digitec.ch“, “microspot.ch“ си ја купив од “hawk.ch“, фирма која ми е на патот за на работа, за неполни 1’300.- CHF, убави 33% пониска цена од официјалната.

2020 година, мојата сакана фирма “CANON“ исфрли на пазарот примамлива камера, EOS R5. Пак почнаа рачињата трпки да ми фаќат…
“CANON“ најави цена од околу 4’500 франака. И така бидна. Во септември камерата е достапна за купување и официјална продажна цена: 4’470.- CHF.

Значи и ако ги добијам тие 30%, камера за 3’000 франака, за мене како хоби фотограф, повторно ќе биде неприфатлива…  Ама си викаш ајде, пушти малку мозокот да пасе… и ги вртиш интернет порталите да ги споредиш цените.
А таму ништо за споредување!!!
Сите како некоја Светска завера. 4’470.
Не ми се верува што гледам.

Значи, од кога пред некоја година, кога “digitec.ch“ беше купен од »MIGROS«, a “microspot.ch“ од  »COOP«, значи од кога виа “најубавите“ интернет продавници беа купени од швајцарските гиганти во малопродажбата “сѐ си иба мамата!“

TOTAL CONTROL!!!

Од кога виа “големите“, »MIGROS« и »COOP«, ни го уништија чуството за вкус, продавајќи “Среде лето жолта дуна, среде зима лубеница…“ сега го ебаа и интернет пазарот…