дожд

08/2017

И пак наа старата шема.
У април ни пуштија лето, а сега у мај месец (на почетокот) ќе се удавиме у дожд и магли.
Си мислеме ОП! не важи наа старата “мотор не се возе у месец со Р“, и уште у апРил го извадиме моторот, направиме нколку стотици километри и сега моторот па у граажта, а јас си гледам како капките прават кругчиња у вирчињата.
Недела, ден планиран да се оде до аеродромот у Цирих, па така не ногу “врло веома“ мотивиран, а спакував и фотокамерата па правец Цирих, си викам ќе прошетам по најголемото село у Швајцаријата узпат.
Ама и таму дожд. Убаво во тоа беше шо у такви временски (не)прилики се наоѓа паркинг место без проблем 🙂
И така шетам колку може под среите на тиа монополите и гледам дека само тиа шо мора се по улиците. Добро ниа косооките не морат, ама платиле да се шетат по Европејсите држави, па шаврат и сликат врнело не врнело / знае ли некој како се вика на кинески “пењавил се, не пењавил – пари су давал“???

И оти немаше лезет да се фотографира, штрак 5 – 6 пати и ајде патот под нози, правец аеродром. Таму стигнат порано, ајде туа да направиме некое слико! Ама изгледа денот не беше за тоа – да се фотографира, некако тегаво. Па си седнав на една клупа и ги пратам човеците од сите врсти како шпартат по тоа аеродромот.
Има човеци, секакви. Од сите сорти, и бели и црни, и косооки.
Има такви шо брзат некаде, има такви шо не знаат каде брзат, има “изгубени“. А кога ќе го уклучиш увото ќе слушниш разни јазици. Човеците лафат на познати и непознати јазици, мене ми се најинтересни наи шо лафат на јазици  кои и они не ги знаат т.е. се прават “атик“,  а “по муцето му се познава дека е од Кавадарци“!! И така седиш и си филозофираш, каде тргнал, каде оде и до каде ќе стигне светот.

Преди 20 и кусур години на тиа ист аеродром имаше едно 50 -60 “чек ин“ шалтери, сега сигурно има едно 500, плус кој знае колку ниа апаратите сам да си се  чекираш… и после они мене ќе ми расправат мојта кола дали ја загадувала човековата околина !?!?!? Добро бре да , виа авионите на маџун  ли одат???
И така каа ќе поразмислиш подолго, ќе установиш дека Светот е тргнат .., море поточно речено – забеган.

Денот го заокружиме со една средба на Македонци, кои демек сакаме да и помогниме на нашата татковина Македонија.

Пред некоја година бе на матурска прослава, 30 години од матурата. И нормално имаше човеци шо не су ги видел и не ме виделе 30 години. Тука преовладуваше наа: “ееее, немаше да те познаам“ (тоа за мене!)
а ги имаше и ниа коментари “ееее, ист си, ич не си се променил“ (тоа за некои други). Нормално виа вторите подобро ќе се чуствуват, ТИКВИ! Јас бев дури горд шо некои “немаа да ме познаат“. Успех ли е тоа 30 години ако не се смениш???
30 години, тоа се 10 000 и кусур денови. И ако тиа денови не оставиле секој свој печат…

Така и со средбата на МАКЕДОНЦИТЕ во Швајцарија. Неколку години избегавав секакво “групирање на национално-политичка база“ и си викам можеби ќе биде добро повторно да поработиме на Македонцките работи. НИШТО, пак верглање у место, каа пред 20, 10, 5 години.

Тоа ти се вика традиција!