за Македонцките работи

Преди ногу години, коа бе по активен по тиа Македонските друштва и организации, како членови на ЗМД работеме на исти интереси и со човеците од МДД Македонија, Ешалан. Тоа е дури наму ки шо француски лафат. Тоа друштво, МДД Македонија во Ешалан и НАШЕТО МД Св. Кирил и Методиј во Баар, беа најактивни и со најбројно членство. Се правеа проекти и манифестации на швајцарско ниво да секоја друга странска заедница у Швајцаријата можеше само да ни завидува.
И после … дојде “политиката“ од Македонија и до нашите иселеници во Швајцарија, ни а удрија ќифијата и толку. Се исподелиме на “наши“, “ваши“, “нивни“ … па од тогаш неколку друштва со илјада членови, се направија илјадници друштва со по неколку членови 🙁
Од сето тоа, мене ми останаа пријателства до ден денешен. Од тиа сите друштва остана само уште МДД Македонија во Ешалан кое стварно ја турка работата по Статутот од кога е формирано – вистинска интеграција на Македонците во Швајцарија и представување на Македонија пред Швајцарската јавност.
Па поканата од страна на МДД Македонија во Ешалан да на нивната традиционална “Новогодишна вечера“ изложам неколку фотографии со Македонски мотиви со задоволство ја прифатив.
“На невидено!“, тоа е зафркнато. Ама каа се оде кај приатели, неможе лошо да испадне! Така и изложбата кај МДД Македонија во Ешалан. Тргнаме да поставиме изложба на фотографии без да знаиме каде, како, колку, шо …?
Ама каа те покануваат приатели и кога ќе те пречекат каа приател, мора убаво да испадне. И испадна
Во прекрасен амбиент, скалапиме една мала презентација на задоволство на сите.

А таму – МИЛИНА! Познати човеци, срдечен дочек, пријатна атмосфера… за јадење човек да не расправа! Членовите на друштвото (во поголем број жените 😉 ) спремиле трпеза на задоволство на сите.
За разлика од тука во германското говорно подрачие на Швајцарија-поготово кај нас во кантонот кој е основач на Швајцарија, на “Новогодишната вечера“ која ја организира МДД Македонија во Ешалан голем број може да се рече и половина од гостите беа швајцарци. Представници на локалните власти, од неколку општини во регионот, приатели на Македонците и швајцарци кои ги ценат овие нивни сограѓани.
(во централна Швајцарија за вакво нешто може само да сонуваме)
Но тоа не е туку-така дојдено. Тоа е резултат на опстојната работа на МДД Македонија во Ешалан.
Исто така тие, швајцарците, својот респект и приателство спрема Македонскиот народ го искажаја со нивните настапи, два машки хорови, со тоа што и двата хора во своите репертуари имаат по неколку Македонски песни.
Убаво е да гледаш како полека човеците се интегрираат, прилагодуваат, напреедуваат. Полека ги прифаќаме убавите работи.
Едноставно да уживаш кога си кај МДД Македонија во Ешалан.

Недела, втора изложба овој викенд.
Веќе познат терен и познати вкусови, а на сето одозгора и “едноставна инфраструктура“ – па крфиите и за пола саат и тука накитени!

Како и секоја година, така и оваа, »Организацијата на жените од Македонија во Швајцарија – ОЖМ-Ш« во декември органиираше “Божиќна трпеза“. И ако уште на почетокот на месец декември, во вистински “празнична“ и приателска атмосфера.
Салата како и секогаш до сега исполнета до последното место. Зошто секој што бил еднаш на оваа, веќе традиционална, манифестација знае дека ќе помине прекрасен ден во друштво на приатели.
Како и секогаш до сега, за кулинарскиот празник се погрижија самите членки на »ОЖМ-Ш«, како и секој од присутните гости. Трпезата полна, богата и разноврсна, празник за очите и вкусовите…
Но членовите на »ОЖМ-Ш« се погрижија не само за гурманското уживање, тука беше и “матичната“ музичка група »МЕРАКЛИИ« кои се погрижија за весело расположение.
А “изненадувањето“ на денот беше балетската група која за момент (ма неколку моменти) ја остави публиката без здив и глас.
Ќе биде излишно да пишуваме дека сето беше безпрекорно организирано и дека стварно е милина да се биде гостин на овој настан… благодариме и до следната година.

После овој викенд останува прашањето, дали ова ќе бидат последните изложби од овој вид?!?!

А шо Македонец ќе бидам јас, ако не напишам нешто негативно???
И на двете места свиреа музичката група »МЕРАКЛИИ«, дечките се СУПЕР, си го знаат занаетот! Ама мора ли да забегуват накај кафанска музика??? На музичари како нив, добри, не им требаат појачала, ама млади се, може ќе приметат, а не би сакал да “забегат.
И уште малку па може ќе го надминиме и ноа да стоиме зад работите шо ги правиме. Човекот шо ми го скрши штафелајот: ништо немаше да изгубиш ако кажеше, “извини ја бе“, а вака секојпат каа ќе ти се издише гумата на колата ќе мислиш на мене!!! 🙂

фотографии, видеа »»» makedonium.ch