Екскурзија на …

 

Во Социјалистичката Федеративна Република Југославија имаме еден интересен момент наречен “Научна екскурзија“. Не памтам дали у градинката правеме “Научна екскурзија“, ама од прво одделение, па до трета! година средно, секоја година имаме такво. И деца каа деца, сме се радувале на тие екскурзии повеќе одколку на Дедо Мраз. Целта на тиа “Научна екскурзија“ беше да децата нешто ново видат и разберат. Во недостиг на “WWW“ ќе те качат у реисот и оп пред споменикот у Крушево, Прилеп, Крагуевац, Јесеновац … и каде не.  Имаше и посети, на во тоа време успешни фабрики и фирми, од Таска до Црвена Застава.
Ногу работи од тиа “Научни екскурзии“ ми се заборавени и избледени, еве не го памтам Сраево. И ред други работи. Ама некои работи ми останале у подсвеста и никако не се бришат и не се заборават. А една работа ме опседнува во последно време се повеќе и повеќе. Како 3 – 4 учители не расправале нас  100 деца??? на тие подолгите екскурзии и неколку денови!
Дали учителите биле ногу спремни или децата имаме респект и страв од нешто?
Од тиа екскурзии ми остана ноа да чекам ред со ред. Тогаш не истрењираа да кога чекаме на влез у музеј, фабрика или било каде, дваца по двајца си чекаш ред и стоиш мирен.

Бугарскиот пасош и работата во “европејска“ држава не те прават покултурен па макар и од село да си! Ќе набавиш пасош, ќе најдиш стрина да те “донесе“ у странска држава, ќе ти најдат работа да може да си купиш сокинати фармерки (нови, модерни) ќе најдиш лак и фарби да се дурдисаш, ама културата и простатилокот не се “шминкат“. Тоа човек или го има или го нема, нема пудра шо може тоа да го покрие.  Ако родителите и учителите во школото и на ЕКСКУРЗИИТЕ  дури си бил теле не ти уградиле култура и респект, каа ќе станиш ВОЛ (или крава) ни “WWW“, ни турски, ни шпански серии не ти помагат.

Приателски, услужлив, гостопримлив … така ние Македонците си се декларираме во Македонија, Светот и пошироко. БРАВО НИЕ!

Септември, лето Господово 2017-то.  Си правиме “Научна екскурзија“ на прифатно, до Течино, јужниот италијанско говорен кантон у Швајцаријата. Цел на екскурзијата посета на Македонската  црковна  општина, пикникот кој го организира црковната општина по повод “Мала Богородица“ , а на еден мастраф и ужување во “јужното есенско сонце“.

Црква каа црква, попот испеа, свеќи си запалиме и од кога попот го благослови ручекот и ни посака приајтен ручек, до тогаш мирниот, спокоен, услужлив верник се претвара у ловец! Ѕвер! Во “борба“ за пленот (чорба, која а има во количини да се нахранат барем двојно повеќе од колку што сме присутни) се претвараме во машини со цел да се допре попрв од другиот…
Финти шо ни најаките стратези и војсководачи ги немат у своите шеми. Респект, почит, приателски – шо беше тоа???

И после ќе се мислиме оти НАС ни се случува  тоа шо се нарекува политичка некултура.
Па види шо “кадар“ имаме! И тиа шо се борат за фотеља не се ништо поарно од овие шо се борат за чорба. И на едните и на другите толку му спакувале од дома и толку прифатиле у школото.
Ниту “WWW“ ниту околината во која живеат не успеала да ги контаминира со култура и респект.

Поминувачка нека има.

И додека по парковите и шеталиштата низ Македонијата “приателскиот и гостољубив“ народ уништува до последно шо некој ставил, клупи, корпи, цвеќина, во некој предели не така далеку “растат“ библиотеки по парковите, ако случајно на некој му е дојдено “преку курац“  од “WWW“

Затоа правите повеќе “Научни екскурзии“ и помалку “екскурзии со паметот“ 😉