Ќе ги фаниме на кондиција!!!

Картата на работата ја завртиме, пола месец веќе сме го изштемплале.
И пак некој ветер од орканска брзина ги тресе капаците на џамовите од канцеларијата. Денеска, дефинитивно, не се работе надвор.
picasa, да средиме фотографиите малку.
И тука гледам колку убаво ми почнала годината 🙁

76 фотографии (од кои 53 се од огнометот на 01.01.), да, за да фотографирам треба да ми се уклуче меракот. Ама моментално до ништо не ми е.
Годината почна како шо заврши наа другата. Болката у увото која ја препишав на авионот, наместо да се намалува, од ден у ден се повеќе ме маче. И после неколку посети по екимите мора да продолжам со наа оптимистичката, ќути, ќе биде поарно…

И така времето си врве, а мене не ми ни до сликање, ни до навивање, ни до кудење. До душа за фотографирање не е ни ногу погодено времето, или човек треба да оде на места над маглата, ама нешто не ми се шета.
Да навивам за МАКЕДОНИЈА, незнам зошто?!!? Уште у четврто оделение не ми беше јасно како некој (и ЗОШТО???) навива за Ѕвезда, Партизан, Хајдук, па и за Вардар или Тиквеш !?!?!? И до ден денешен не ми е јасно како некои човеци се “палат“ на успесите или неуспесите на други човеци. Шо имам јас од некој си Роџер Федерер ако победе? (добро, до пред некој месец дури беше жител у истиот кантон како ние, можеби он ќе платеше повеќе данок па ни ќе платиме “5 франака“ помалку…)
Моментално владее еуфоријата со ракометарната репрезентација на Поранешната Југословенска Република Македонија. Победиле (некако) два натпревари. И сега се они наши амбасадори, херои, суперменови… се до утре дури ѓерманците не не тратат во реалноста. Ете и да победат. И да бидат прваци, у тоа шо го играат. Шо имам јас??? Сум суров? Сум глуп? Не а разбирам работата? Или сум само реалист? Да, ќе се лафе за Македонија, ќе се лафе за Поранешната Југословенска Република Македонија. Арно.
За таа Поранешната Југословенска Република Македонија, која сака да биде Македонија ама ни самата не знае како и зошто. Пред некоја година, пак таму, во некоја жупанија во Република Хрватска, играеа со таа топка! Таканаречената “Македонска фаланга“ го распосла знамето црвено, со жолтото шеснаетзрачно сонце, сонцето од Кутлеш и сите беме горди и поносни (кој повеќе кој помалку) шо ете кажуваме кој сме и шо сме. А сега вентилаторот! Си легнаме на брашното… Утре и Поранешната Југословенска Република Македонија ќе а прекрстат у Горна или таква некаква Македонија ќе си изнапишиме статуси по фацебукот и сл. и после некоја година дали горна, северна или било каква ама баш преку долниот ќе ни биде како ќе не крстат…
А и да ги кудиш и пцуиш, шо од тоа? Кој мене ме прашува шо сакам и шо мислам. А и кого прашале? Кој кого прашал дали сака у НАТО или у ЕУ???
Ама со тоа ногу убаво се фарбат и шарените – ако влезиме у ЕУ и во НАТО тогаш ќе а управиме сета во Поранешната Југословенска Република Македонија.
Голем е стравот мој, ако ако влезиме у ЕУ и во НАТО дека здраво ќе ни влезе!!!
Ама ајде, ќути, ќе биде поарно…
Белки ќе помине ваа болката у увото (или барем ќе разберам шо е) и белки ќе сванам некои работи од виа денешен шарен свет.