Забелешка

 

“Лажат, СИТЕ лажат!“  ќе каже мојта Мајка со повишен глас, не оти дека црка, така гласно зборува! (“каа сите Тасевци“ 😉 )

И така дојде ред и јас да лажам. На 15.10.2017 си реков не коментирам ниту давам искази за било шо у Кавадарци и Македонија – нека се управуат тиа таму како сакат. Денска 15.03.2018, точно пет месеци подоцна, еве пак совидувања, неможе а да не си го забележам ова “бурно“ време.

Да, време на петиции. Најмалку 18 петиции чекат да ги “потпишам“. Не, не дојди никој како “Јеховините сведоци“ на вратта да бара потпис, туку “културно“, “современо“, чукат на моето поштенско санд’че (електронско!), ме “контактират“ на фацебукот и сите останати начини, да потпишиш нешто, нешто шо некој го напишал седнат (како мене) пред компјутерот.

Рушеле. И сега треба јас да потпишам (да стиснам “лике“) да не се руши.
А зошто сега ЈАС треба да се мешам у рушењето? Ме праша ли некој дали да гради???

Падарот?!?!? Дека е “падарот“ да ги избрка и партизаните и фашистите од шумата?

Не масират со некаков си “Охридски оговор“, КАДЕ Е ПОПИСОТ??? основата за тој договор!?!?

“На денешен ден, 14.03.1923 година ( пред 95 години) во Кавадарци е роден Стефан Хаџи Тефов Феткин. Звршил гимназија во Кавадарци и уште сосема млад се вклучил во редовите на напредното движење во Кавадарци. … “  и си умрел 1944.
21година човек.
Борец.
И сега,  да го прашаш него или стотиците такви како него оти оделе, се бореле, гинеле. За да после некои лигавеши и шупелкари ја растурат државата???

Чудни работи се случуваат у државата крстена Поранешна југословенска република Македонија. Ногу од законите не ги знам, ама знам дека има закон са сообраќај кој е ептен ригорозен. Тука се лафе за казни од 100, 200 , 500€, а сообраќајоте е како у џунгла.
Сигурно има за сѐ некој закон, ама дури не дојде некој и да го заебе законот. А тоа често се случува. Па така укажувањето на “незаконитостите“ се случува на социјалните мрежи и на прифатните телевизии (или такво нешто)
И моментално е стварно грозно да “шеташ“по социјалните мрежи.
Толку вулгарност, толку малоумност, толку проститулок… и после дургите не не сакале.

 

И на крајот шо да напишам?

Ќути има и полошо !?!?
или
Поминувачка нека има !?!?