Се предадиме…

1998
Телефонско нарачување делови:

01 957 .. ..
– Добар ден, Роберт Аеби, Шол на телефонот.
– Добар ден господине Шол, Ристовски од СЕНН Киесверк во Ноихајм
– Добар ден господине Ристовски
– Господине Шол, за багер Акерман Х14, ми треба вентил за брзината – за споро/брзо.
– Само момент… да имаме. Ќе дојдете да го земите или да го пратам по пошта?
– Пратете го пошта.
– Нема проблем, ќе го пратам. Благодарам за порачката и пријатен ден Господине Ристовски
– Благодарам за услугата и притен ден и вам…

Телефонско нарачување делови 2018:

0848 xx yy zz
– Добар ден. Добродојдовте во фирмата “шо да ти кажам“. За германски одберете 1, за француски одберете 2, за италијансли одберете 3, за англиски одберете 4, за да ја слушнете информацијата уште еднаш одберете 9.
– 1
– Добар ден. Добродојдовте во фирмата “шо да ти кажам“. За информации за нашите продукти одберете 1, за прашања околу тековни зделки одберете 2, за прашања околу рачуните и цените одберете 3, за техничка подршка одберете 4, за нарачки и статус на нарачките одберете 5, за да ја слушнете информацијата уште еднаш одберете 9.
– 5
– Добродојдовте во оделот за нарачки и статус на нарачките. Имате извршено нарачка и сакате да се информирате за статусот на нарачката одберете 1, сакате да извршите враќање на нарачката одберете 2, сакате да извршите нова нарачка одберете 3, за да ја слушнете информацијата уште еднаш одберете 9.
-3
– Добродојдовте во оделот за нарачки и статус на нарачките. Дали знаете дека сите нарачки како и прашања околу извршените нарачки може комотно!!! да ги извршувате онЛААЈН на нашата интернет адреса њњњ.“шо да ти кажам“.КОМ.
Ако сакате да бидете поврзани со еден од нашите техничари одберете 1, за да ја слушнете информацијата уште еднаш одберете 9.
– 1
– Добродојдовте во оделот за нарачки и статус на нарачките. Моментално сите наши техничари се зафатени. Дали знаете дека сите нарачки како и прашања околу извршените нарачки може комотно да ги извршувате онЛААЈН на нашата интернет адреса њњњ.“шо да ти кажам“.КОМ.
Ако сакате да бидете поврзани со еден од нашите техничари останете на линија…
– останувам…
– ти ру, ти ру, тра ла ла, – музика каа од Станлио и Олио… неколку минути…
после неколку минути:
– добар ден, Олга на телефон, како можам да помогнам
– ?!?!? доообаар ден… Ристовски од СЕНН Киесверк во Ноихајм на телефон, сакам да нарачам дихтунг за пумпа
– кој?
– Ристовски од СЕНН Киесверк во Ноихајм
– добар ден господине Ристовачки од која фирма
– СЕНН Киесверк во Ноихајм
– СЕНН Киесверк? Имате ли број на муштерија кај нас?
– да имаме.
– а кој е?
– 185796.6345
– а да. Повелете што ви требе
– сакам да нарачам дихтунг за пумпа
– а каков дихтунг и која пумпа?
– пумпата е “Сулцер АП 25“, бројот на дихтунгот е 11.958.1080
– момент, …  се извинувам ама морам да ве поврзам со колегата …
– Ало, ало  … !?!?!?
– добар ден, Ранџит на телефон, како можам да помогнам
– дoбаар ден, Ристовски од СЕНН Киесверк во Ноихајм на телефон, сакам да нарачам дихтунг за пумпа
– кој?
– Ристовски од СЕНН Киесверк во Ноихајм
– добар ден господине Растовиќ, од која фирма?
– СЕНН Киесверк во Ноихајм
– СЕНН Киесверк? Имате ли број на муштерија кај нас?
– 185796.6345
– добро. Повелете што ви требе
– сакам да нарачам дихтунг за пумпа
– а која пумпа и каков дихтунг?
– пумпата е “Сулцер АП 25“, бројот на дихтунгот е 11.958.1080
– Госпдине Растовицки жалам ама веќе неколку месеци непримаме нарачки по телефон, ќе морате нарачката да ја извршите на нашиот онЛАААЈН портал: њњњ.“шо да ти кажам“.ком
Се надевам дека можев да ви помогнам и ви посакувам приатен ден.

Помогна? Пријатен ден? Онлајн? Абе у лајна да се удавите бе педери ни едни!!!

 

Да “порано беше сѐ подобро“!
Не е баш така, кој има инсталирано штампач на компјутер со паралелна порта, нема воа да го каже од кога дојди во контакт со USB. Да не праиме муабет за серииска порта или  SCSI порта – тоа беа борби…

Ама да. Преди ногу години и ако почнаа да се удомуваат компјутерите, човеците беа тие шо господареа со нив, и со себе.

Преди 20 години:
одам у продавница и бендисувам фотокамера.
– Добар ден, ме интересира овој новиот модел.
– Добар ден, да, што ве интересира точно?
– Па техничките перфоманси ги знам, ама има ли можност да ја пробам, да видам дали ги задоволува моите очекувања и моите потреби?
– Да видиме, …. може ама после два дена, моментално е на проба кај друг муштерија.
Идиш после два дена и ти дават камера, два три објективи, блиц и сето тоа убаво спакувано у фототашна. Потпишуваш “испратница“ и се договараш колку денови ќе ја задржиш на проба. Единствен услов за секој ден шо ќе ја пробуваш, да купиш по еден филм од нив.
А штракаш  три – четири дена и после ја враќаш и кажуваш дека ќе се одлучиш од кога ќе ги напавиш фотографиите. СИТЕ СРЕЌНИ.

Пред две недели, одам у продавница,
– Добар ден, ме интересира овој новиот модел.
– Добар ден, да, што ве интересира точно?
– Па техничките перфоманси ги знам, ама има ли можност да ја пробам, да видам дали ги задоволува моите очекувања и моите потреби?
– Колешката која го работи тоа моментално не е тука, може да оставите “Е-МАИЈЛ“ и она ќе ве контактира.
Оставам “Е-МАИЈЛ“ и чекам….
После три дена ете “Е-МАИЈЛ“ од колешката која е задужена за таа работа.
Со одговорот дека “може“ и бледо извинување шо закаснала малку (три дена).
Кажувам кој модел и колку денови.
После два дена “Е-МАИЈЛ“ со прашање дали треба и објектив.
“Е-МАИЈЛ“ од мене дека треба.
после три денови “Е-МАИЈЛ“ со истото бледо извинување од колешката шо закаснала малку (пак три дена) и прашање за кој датум.
Па викендот шо помина ќе беше идеално, ама ај на сигурно за следниот да договорам.
Следниот “Е-МАИЈЛ“ за едно чудо уште истиот ден:
»Wenn Sie von diesem Angebot profitieren möchten, bitten wir Sie die Kamera via Kreditkarte zum Neupreis unter www.колешката.ch zu bestellen, damit wir die Abbuchung für das Depot tätigen können. Sobald wir das Mietobjekt zurück erhalten und geprüft haben, werden wir eine Teilrückerstattung machen.«
Значи вика ако сакаш да пробаш, треба да изнајмиш. А за да изнајмиш треба да ја “купиш“ на “њњњ“ и после од кога ќе а вратиш и они ќе а проверат дали сѐ е во ред, ќе ви вратат дел од парите – намален за толку колку шо денови сте ја користели (ги користеле – за објективот исто оро).
Ти ги замолуваш да тоа го завршите во “кеш“ и без кредитна карта која ја нема и да се видиме у очи, а они ти викат:
кај нас така се работе – оди купи си од “интернет продавницата“.

Забегано, забегано е веќе човештвото. Полека ама сигурно сѐ повеќе работи им ги преотстапуваме на компјутерите и на “електронската интелигенција“ и еден ден каа ќе не трате од земја ќе се чудиме шо кабел ни фале…
Значи секојдневно се сретнувам со изговор: “ами компјутерот згрешил!“…
ЕЕЕЈЈЈ! Ами “колешке“, јас веќе 30 години штракам по виа компјутерите, и уште не ги разбирам салам.
Ама едно научив: “компјутерот СЕКОГАШ праве тоа шо си му го кажал, не тоа шо си го мислел!!!“
И сѐ додека се предаваме на компјутерите повеќе и повеќе, сивите клетки ќе намалуваат повеќе и повеќе, а од човекот ќе останува сѐ повеќе само мускули…