Живо’т, компот

Чудни се чуствата, од далеку. Уште еден месец и ќе бидат 30. Ако не ги рачунаме првите 10, значи дупло подолго су у јабана отколку у „татковината“. Може да си праиме прикаски, ама чуствата се губат. Потреба, желба, да се акаш 2000 километри секоја година помалку. Уште мајката и сестрата се тие шо те влечат да одиш во родниот крај. Сеќавањата на некогаш убавите работи се повеќе и повеќе бледат. Ги забораваш другарите, пријателите па и роднините. Ги забораваш и случките и лудориите шо сме ги правеле.
Тргнувањето, било во кој правец ти претставува тежина.
Шо значи дека токму сеа не знаиш каде ти е местото.

Сѐ течи, сѐ се менува.  Беше рекол некој умен човек. Па така, кај едните се 30 кг. плус и бели коси колку сакаш, а кај другите се запустени или преправени патишта, пропаднати или “нашминкани“ згради…
Напредокот носи промени и новости. Стварно, може тоа е убаво, ама за деца на социјалкомунизмот малку потешко за прилагодување. Нека а таа, ќе мора да се прилагодиме и да прифатиме “нови“ работи.
Се измодернизираа времињата. Еве една појава која не можам да ја сварам. Одиш у ресторант и они се прават демек европејски / свеЦки тертипи терат. Па така салатата ти ја носат не зачинета, рачунот у некоја си тетратка …
Абе човеци, ја да сум знаел да зачинам салата, ќе влечам ли кабли по воа објектите??? Зошто има занимање кувар, зошто има занимање електричар?
Како ќе биде јас да му отидам на некој дома му ги истоварам кабловите осигурачите и штекерите и да му речам – поврзи си ги ти, како ти е мерак!?!?!?
Слаткарница ПАЛМА, осумдесетите години на минатиот век. Друштво 6-7 души, седат јадат слатки пијат боза или лимонада.  И викат да платат. Несим застануе до нив и виа сите расправат кој шо имал. Од каа и последниот кажа шо јадел и пиел во дел од секундата Несим им вика “95 динари!“, си наплаќа на лице место и со пријателски поздрави си заминуваат. Ниту тетратки ниту “подзакриени“ рачуни, платено како и конзумирано – едноставно, со мерак.
(на прашањето после: “добро бе другар, како толку брзо израчуна?“ одговорот на Несим беше: “како да не, израчуна, ја кажав бројка, некој ќе биде у була“.)
Да, тоа беа времиња кога човечкиот разум и душа владееја низ социјалниот ни  живот и дружењето…
Во денешно време, келнерот нема од ниа пртофелтте ѓоа армоника, туку ќе ти донесе “фискална“ ставена у некоја тетратка / папка, па ако имаш среќа да ги носиш “исправните“ наочари ќе видиш колку си дужен. Па тогаш е на тебе ред да у таа иста тетратка ставиш пари и чекаш да келнерот пак помине да ја земе, па после он оде некаде на скришно место, брое пари, па со кусурот еве го па….
Ногу, ногу ми е сета ситуација у Македонијата некако како Холивуд. Абе да може некој тркалото наново ќе го измисле.
… и така еве пак у ф’тората татковина со освежени мисли од првата. Пред некој месец некако не бев мотивиран да одам или нешто правам у Северна Македонија и некако изгубив желба да ја планирам мојата иднина во Македонија било со каква придавка или додавка.
Ама пусто соочување, одиш таму и осеќаш дека си на свое. ДА, стварно ти е жал кога гледаш како тоа таму исто така како тебе, ако не и со поголема брзина старее и ветвее, И ПАК си правиш нови прикаски и филмови…
Има уште стотици мисли у ваа моја глава разбуричкани од последните денови поминати низ тоа парче земја сега наречено Северна Македонија ама тиа ќе бидат запишани некаде на друго место или оставени да избледеат…