Сабота, на редовните средби со “Комитетот“, Ване ми дади фотокамера од мајсторот да сум ја пробал дали работе. Оти беше Canon EOS 40D, модел кој го имав како прва “озбилна“ дигитална камера и уште ја имам во колекцијата се нафанав да ја пробам. Камерата како камера немаше на неа ниту објектив, ниту батерија ни мемориска картичка во неа. Не е проблем, у некоја од кутиите има такви работи, а за објектив, на неа пасуваат сите објективи шо ги имам…
И ОП!!! Барајќи батерија за EOS 40D најдов и ‹нова› батерија за EOS 5.
Да EOS 5, без “D“. Тоа е една солидна класична (аналогна) камера која “троше“ филмови. Поразбуричкаме и по фрижидерот И ОП, и филмовите ги најдоме.
И ме зачеша прстот. Батеријата и филмот ги ставив у камерата, го прелистав упатството за тиа дугмињата шо сум ги заборавил за шо се, “наостриме“ аутофокус функцијата на окото! (камерата има “Eye Controlled AF“ !!!)…
И сега ќе фотографираме пак на филм!
Недела, камерите спакувани (Canon EOS 5 без “D“ и друга со “D“). Прошетката у Цирих идеално за да се истроше филмот. И почнаме… ама, за еден саат 4 фотографии со EOS 5 без “D“ и едно 60 – 70 со наа шо има “D“. И така дури се замрачи исликав ДУРИ 7! со зборови “седум“ фотографии. После не ми се тошеше филмот кој е само ISO 50 и кој на таа камера неможе да го смениш, а стативот си беше дома на топло!
Пријатно сам од себе сум се изненадил како ноа автоматски се прфлуваш у аналоген модус кога држиш таква камера у раците. Не ми се веруваше дека е можно.
И така сега останаа уште 20 и кусур “пози“ да се доштракат во наредниве денови…